Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа

    10.07.2026 во 21:25

    Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби

    10.07.2026 во 21:02

    Приведен 26-годишник, осомничен е за убиство на поранешната британска министерка

    10.07.2026 во 20:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
    • Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби
    • Приведен 26-годишник, осомничен е за убиство на поранешната британска министерка
    • Џенифер Лопез на модната недела во Париз се појави со сестра ѝ
    • Малолетник ја украл картичката од неговиот дедо
    • Трамп прифати нови преговори со Техеран, но прогласи крај на примирјето со Иран
    • ЕК: Мета со Инстаграм и Фејсбук го крши Законот за дигитални услуги
    • Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа

    Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа

    10.07.2026 во 21:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Многу е важно да ѝ се дозволи на дијаспората да гласа. Ова се луѓе што во Македонија годишно носат над една милијарда во дознаки. Имаме доволно време за три години со напредокот на дигитализацијата, со нашата работа, да тестираме вакви можности за да го овозможиме ова право за нашата дијаспора – изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при денешниот престој во Прилеп и промоцијата на Центарот за дигитални услуги.

    Андоновски одговори на прашањето за можноста дијаспората електронски да гласа и колку реално Македонија е подготвена системски зашто опозицијата обвинува за можни манипулации.

    Според него, дијаспората треба да гласа зашто вложува во земјата, ја поддржува македонската економија.

    – Ова се луѓе што во Македонија годишно носат над една милијарда во дознаки, што значи дека ја поддржуваат македонската економија, ги поддржуваат своите сограѓани што живеат тука, дел од своите семејства, пријатели, отворааат сопствени бизниси. Имаме голема дијаспора, која има македонски пасоши и живее во странство и не е фер и не е остварување на уставното право да им се дозволи да гласаат исклучиво физички, а да патуваат по 5.000 или по 10.000 километри за да го остварат своето право на глас, и тоа двапати. Еднаш да се регистрираат, а вториот пат да го остварат своето право на глас – рече Андоновски.

    Како што објасни министерот за дигитална трансформација Андоновски, предлогот е со измените во Изборниот законик да се предевиди дека до 2029 година, значи за три години, да имаме подготвен систем, во кој ќе им се дозволи, само на регистрираните лица што имаат македонски пасоши и живеат во странство, да може да гласаат онлајн.

    – Ние имаме систем за дигитален идентитет, тоа е порталот „Услуги.гов.мк“, во кој сите граѓани се регистрираат со свои лични податоци. Еднаш верификуваме дека се тие, со нивна лична карта или пасош, така што веќе ги знаеме податоците за граѓаните. Не е никаков проблем да се доразвие системот во соработка со Државната изборна комисија за да се постигне условот и да се овозможи правото на граѓаните да го остварат своето избирачко право и да гласаат. Ако има политичка волја, секако дека е можно – рече Андоновски.

    Веќе две држави во ЕУ целосно го имплементирале системот, а четири држави во ЕУ тестирале, пилотирале решенија.

    – Имаме доволно време за три години со напредокот на дигитализацијата, со нашата работа, да тестираме вакви можности за да го овозможиме ова право за нашата дијаспора – рече во Прилеп министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски

    Прочитај повеќе

    Малолетник ја украл картичката од неговиот дедо

    10.07.2026 во 20:03

    Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

    10.07.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.