Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

    Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

    10.07.2026 во 19:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 10.07.2026 во 01:20 часот во ПС Гостивар, 41-годишен маж од Гостивар пријави дека во дворот на семејната куќа бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Пријавената е лишена од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 09, објави 4news.mk 07.2026 во 13:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 53 -годишен прилепчанец, бидејќи физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

    На 10.07.2026 во 01:40 часот во СВР Скопје 71-годишен маж пријави дека на 09.07.2026 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Центар тој и неговата ќерка биле физички нападнати од неговиот син А.М., при што тој оштетил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На 09.07.2026 во 20:45 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишија од слобода 34-годишната З.М. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека дошла во домот на нејзиниот 53-годишен невенчан сопруг, му се заканувала и оштетила предмети. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.07.2026 во 13:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.П.(35) од село во неготинско. Според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино и се заканувал на неговата 66-годишна мајка. Исто така, тој физички нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејствија. И.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што И.П. бил спроведен во здравствена установа. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.07.2026 во 20:00 часот во СВР Куманово извршен е службен разговор со Н.Б.(40) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 27-годишна вонбрачна сопруга, дека во семејниот дом и упатил закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

    На 10, објави 4news.mk 07.2026 во 00:30 часот, во ОВР Дебар од слобода е лишен О.Б.(33) од село во дебарско, по претходна пријава дека тој физички ја нападнал неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 09.07.2026 во 23:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.С.(26) од Штип, по претходна пријава дека околу 12:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна девојка, а притоа и упатувал закани со остар предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 09.07.2026 во 18:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода О.Р.(23) од Штип, по претходна пријава дека околу 17:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 24-годишна вонбрачна партнерка. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Прочитај повеќе

    Напишани 63 казни за пијани возачи

    17.08.2026 во 18:34

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.