Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во студентски дом само до 30 години

    Во студентски дом само до 30 години

    10.07.2026 во 16:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во моментов во Собранието се прават измени на Законот за студентскиот стандард во делот на сместувањето и користењето на услугите на студентските домови. Целта е подигнување на безбедноста во објектите и спречување на негативни практики кои постоеја во минатото, како неосновано долгорочно сместување на поединци. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција ги образложи поважните измени.

    „Ја ограничуваме возраста на студентите до кога можат да бидат сместени во студентски домови. Детектиравме студенти кои со години се сместуваат во домовите, законски наоѓаат начини и ги користат услугите за 3.400 денари да живеат во месецот со сите покриени трошоци за храна, вода, струја и така натаму. Отсега максимална старосна граница на студент кој аплицира за сместување во дом ќе биде 30 години, односно 30 годишна возраст“, рече Јаневска.

    Со втората измена се воведува казнена одредба – забрана од 1 до 5 години за сместување во студентски домови за студенти кои ќе сторат потешка повреда на куќниот ред, ќе направат штета на инвентарот, ќе бидат фатени со алкохол или други супстанци, или доколку се констатира навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација или друго недолично постапување со кое се загрозува безбедноста, здравјето, интегритетот и достоинството на студентите и вработените во домот или се нарушува непреченото функционирање на домот.

    Министерката воедно се осврна и на актуелните градежни зафати во дел од капацитетите.

    „Во домовите имаме крупни инвестиции во моментов. Два се во процес на темелна реконструкција која ќе заврши до октомври. Објектите на „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ стануваат модерни и енергетски ефикасни. Навистина ќе бидат прекрасни и јас очекувам младите да ги чуваат, за да можат што повеќе генерации да ги користат. Воедно, мора да ја подигнеме и безбедноста во домовите. Тоа е основното“, додаде министерката.

    Таа потсети дека со финансиска рамка од 86 милиони евра – пари од ЕУ, МОН и Германска развојна банка ќе бидат обновени 9 државни студентски домови и 7 ресурсни центри.

    „Во текот на мандатот на Владата, градежните активности ќе бидат целосно завршени и заедно со повеќе други активности кои ги правиме во делот на студентскиот стандард – воведување нови стипендии, проширување на субвенционираниот оброк, доделување ваучери и така натаму, ќе се обидеме да ги задржиме новите генерации да се едуцираат и да работат тука. Да не дозволиме натамошно иселување, како што имавме во претходните 7 години кога бројот на студенти е намален за 7 илјади, а на учениците за 17 илјади“, истакна Јаневска.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.