Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Љутков на „Денови на македонската култура“ во Брисел

    05.05.2026 во 11:31

    Мицкоски од Аеродром: Започнува доградбата на училиштето „Гоце Делчев“ за подобри услови на учениците

    05.05.2026 во 11:27

    Здравствен дом Гостивар засилен со 18 нови вработувања: Шест лекари и осум сестри добија решенија

    05.05.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Љутков на „Денови на македонската култура“ во Брисел
    • Мицкоски од Аеродром: Започнува доградбата на училиштето „Гоце Делчев“ за подобри услови на учениците
    • Здравствен дом Гостивар засилен со 18 нови вработувања: Шест лекари и осум сестри добија решенија
    • (ФОТО) Втор ден масовни измами преку СМС: Не наседнувајте на пораките за „неплатена казна“
    • „Мислев дека автомобил удри во куќата“, „Чашата падна од масата“ – силниот земјотрес ги разбуди соседите среде ноќ
    • Автобус излета од патот кај наплатната станица Појате
    • ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 5 Мај: Македонскиот јазик е аманет кој сме должни да го чуваме
    • Сиљановска-Давкова од Ереван: Поддршката од Романија за ЕУ мора да се темели на европски принципи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев: Македонската полиција е препознаена како доверлив и активен партнер кој придонесува кон глобалната безбедност

    Јанев: Македонската полиција е препознаена како доверлив и активен партнер кој придонесува кон глобалната безбедност

    18.09.2025 во 14:59Updated:18.09.2025 во 15:022 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денес и утре присуствува на регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Глобалниот комплекс на иновации на ИНТЕРПОЛ во Сингапур. 
    Директорот Јанев оствари повеќе билатерални средби со високи претставници од азиските држави како и со раководството на Генералниот секретаријат и Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.

    „Со соговорниците разговаравме за унапредување на полициската соработка преку иновативни пристапи, кои се особено значајни во време на забрзани технолошки промени и сè покомплексни безбедносни предизвици. Како потврда на нашите заложби за современо и ефикасно полициско делување, истакнав потреба од нови модели на размена на информации, користење на современи технолошки алатки и целосна дигитална трансформација на полициските процеси со кои ќе можеме да изградиме поцврста и поефективна соработка – не само на национално и регионално, туку и на меѓународно ниво.“, потенцираше директорот Јанев.

    Конференцијата се фокусира на клучните приоритети за глобалната безбедност, како што се борбата против организираниот криминал, справувањето со тероризмот, зајакнувањето на капацитетите за справување со сајбер-криминал и лоцирањето бегалци од правдата.

    „Македонската полиција уште еднаш беше препознаена како доверлив и активен партнер, со јасна определба да придонесува кон глобалната безбедност преку размена на информации, искуства и учество во заеднички меѓународни операции. Нашата посветеност е јасна: да бидеме сигурен и одговорен сојузник во градењето на побезбеден свет.“, истакна од конференцијата директорот Јанев.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Министерот Љутков на „Денови на македонската култура“ во Брисел

    05.05.2026 во 11:31

    Мицкоски од Аеродром: Започнува доградбата на училиштето „Гоце Делчев“ за подобри услови на учениците

    05.05.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.