Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, порача дека Северна Македонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, но нагласи дека усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за формално започнување на пристапниот процес.

    Таа истакна дека е потребен заеднички меѓупартиски консензус за Изборниот законик, државата да може целосно да го искористи моментумот во процесот на евроинтеграциите.

    „За заеднички меѓупартиски консензус за да може да имаме 100% успех, и се надевам дека тоа ќе се случи. А кога тоа ќе се случи, тоа ќе биде во полза на државата, затоа што пристапните преговори ќе се придвижат нанапред. Реформската агенда и она што го правите во Планот за раст, и од друга страна пристапниот процес, во одреден дел ќе се спојат. Северна Македонија тогаш може многу побрзо да се приклучи кон оние напредни земји“, рече Кос.

    Таа посочи дека придобивките од приближувањето кон Европската Унија веќе ги чувствуваат граѓаните и компаниите во земјата, наведувајќи дека следуваат преговори за укинување на роамингот, нови можности преку програмата „Еразмус плус“, поврзување со европските иницијативи за вештачка интелигенција, пристап до европските програми за здравство и зајакнување на сајбер-безбедноста.

    „Полноправното членство ќе донесе уште поголеми придобивки, ќе донесе еднакви права и еднакви можности за вашите граѓани и за вашите бизниси, и уште поголема поддршка за изградба на инфраструктурата и помош за руралните региони. Но, откако ќе бидете полноправна членка, земјата навистина ќе добие многу повеќе. Би сакала да го објаснам ова со случајот на Црна Гора. Знаеме дека Црна Гора е предводник и ќе добијат трипати повеќе средства во финансиска помош од ЕУ отколку што добиваат сега. Ќе имаат веднаш придобивки, а ние истото го сакаме и за Северна Македонија, но усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за формално започнување“, изјави Кос.

    Еврокомесарката оцени дека Европската Унија до 2028 година би можела да добие нова земја членка од Западен Балкан и порача дека Северна Македонија треба да биде меѓу државите што ќе напредуваат најбрзо.

    „Направивме многу повеќе отколку во претходните 15 години заедно. Има сериозни изгледи дека до 2028 година ЕУ ќе има уште една земја членка, а тоа е од територијата на Западен Балкан, а секако Северна Македонија треба да биде меѓу тие кои ќе се движат напред. Имате ваше место во Европската Унија како полноправна земја членка, и дозволете ни да работиме заедно. Вие, Владата, сите засегнати страни тука во Северна Македонија, и ние, Европската Унија, и јас лично со мојот тим, за да ја оствариме оваа мисија и визија и да станат реалност“, порача Кос.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.