Со 11 гласа „за“ и четири гласа по Бадинтер, актуелна в.д. Претседателка на Кривичниот суд Скопје 1, Даниела Димовска Судскиот Совет ја избра за нов претседател на Кривичен.
За нов претседател пријавени беа само двајца кандидати, Димовска и судијата Ивица Стефановски кој е судија во истиот суд.
Димовска беше поставена на должноста в.д. претседател пред нешто повеќе од една година, откако претходниот претседател Иван Џолев, кој беше избран во повисокиот, Апелациски суд.

