Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ се прости со Јовица Илиевски

    ВМРО-ДПМНЕ се прости со Јовица Илиевски

    07.07.2026 во 12:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Раководството на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше комеморативно збогување во своите простории за да му оддаде последно признание на доскорешниот градоначалник на општина Брвеница, Јовица Илиевски.

    Претседателот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски, изрази длабоко сочувство до семејството и посочи дека ова е ненадоместлив удар за локалната заедница.

    „Денеска во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, со длабока тага и искрено почитување му оддадовме последна почит на нашиот драг пријател и сопартиец, Јовица Илиевски. Заминувањето на Јовица е голема загуба за неговото семејство, за неговите пријатели, за сите што имаа чест да го познаваат, но и за општина Брвеница, која неизмерно ја сакаше и за која несебично работеше“, истакна Мицкоски.

    Тој додаде дека Илиевски до последен ден останал доследен на своите принципи и на желбата да им помага на обичните граѓани.

    „Неговата посветеност кон луѓето, чесноста, скромноста и искрената желба да придонесе за подобар живот во својата заедница ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања“, потенцираше партискиот лидер во својата порака.

    Според него, споменот за градоначалникот на Брвеница ќе продолжи да живее токму преку проектите и патеката што ја остави зад себе.

    „Неговиот лик и дело ќе продолжат да живеат преку спомените што ги остави, преку добрината што ја ширеше и преку трагата што ја остави меѓу луѓето. Нека му е вечна слава и вечен спомен“, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.