Во масовен напад на руските сили врз Киев загинале најмалку 11 лица, додека 46 се повредени, меѓу кои има и две деца.
Според украинските медиуми, меѓу жртвите е и цело семејство – телата на мајка, татко и нивниот син биле пронајдени под урнатините на една разурната станбена зграда.

Нападот, изведен со бранови ракети и дронови, започнал околу 1:40 по полноќ, а потоа следеле нови експлозии во 2:10 и 3:15 часот.
Најголемото уништување е забележано во деловите Дарнички и Подилски на Киев, додека оштетувања има и во Холосијевски и Оболонскиот реон. Во Подил, директен удар врз деветкатница предизвикал уривање на катовите од четвртиот до осмиот.
Спасувачките екипи продолжуваат со потрага по преживеани под урнатините.

