Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Најавено поскапување на горивата, ама за граѓаните мерки нема

    06.07.2026 во 09:23

    Левица: Поднесовме 47 амандмани за буџетот – Парите да се насочат кон народот

    06.07.2026 во 09:15

    ВМРО-ДПМНЕ: На Апасиев му се важни само пари – Едно зборува пред камери, друго прави зад затворени врати

    06.07.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Најавено поскапување на горивата, ама за граѓаните мерки нема
    • Левица: Поднесовме 47 амандмани за буџетот – Парите да се насочат кон народот
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Апасиев му се важни само пари – Едно зборува пред камери, друго прави зад затворени врати
    • Несреќа во Македонија: Повреден малолетник, изгубил контрола додека возел без дозвола
    • ФОТО: Другарите Марко и Богдан загинаа во сообраќајка – Пожарникари ги ваделе телата од смачканиот автомобил, страшна несреќа во Србија
    • УХМР ги измери температурите во 8 часот – Топло од рано наутро, па потоа дожд
    • Апсење во кафеана во Градски парк во Скопје – Интервентна приведе едно лице
    • Граната најдена на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Најавено поскапување на горивата, ама за граѓаните мерки нема

    СДСМ: Најавено поскапување на горивата, ама за граѓаните мерки нема

    06.07.2026 во 09:23Updated:06.07.2026 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие”, велат СДСМ во соопштение до јавноста.

    -Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да дефокусира од проблемот. Додека граѓаните живеат крпен живот, од ден во ден се се посиромашни, Мицкоски не презема ништо. Затоа секоја изјава му е „наскоро ќе види“. Тоа „наскоро“ не ги полни фрижидерите на граѓаните, ниту ги плаќа сметките. Секое зголемување на цените на горивата директно ги зголемува транспортните трошоци, а тоа повторно се прелева во повисоки цени на храната. На крајот, сметката повторно ја плаќаат граѓаните, кои крај со крај не можат да врзат во месецот. Скоро 70.000 денари му се потребни на едно четиричлено семејство само за покривање на основните животни трошоци, врлат од опозициската партија.

    СДСМ во сопштението вели дека инфлацијата ја јаде куповната моќ. Со ребалансот и нагорното ревидирање на инфлацијата на 4,5%, Владата призна дека цените ќе продолжат да растат.

    -Тоа значи уште поскапа храна, уште повисоки сметки, уште поскап и потежок живот. Помала вредност на платите и пензиите. Помала куповна моќ. А Мицкоски не сака да слушне за 600 евра минимална плата и мерки. Не прифати ниту една мерка од СДСМ, ниту за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, ниту поддршка за најранливите категории граѓани. Наместо конкретни мерки тој вели во четири очи со компаниите ќе ги решавал високите цени – класична манипулација и замајување на јавноста. Нема конкретна политика, ниту мерка за намалување на цените – Мицкоски уште ќе „чека“. Ама затоа за задолжувања за партиските тендери не чека – тоа оди експресно. За две години екпспресно направија нов долг од 2,5 милијарди евра, не за 600 евра минимална плата, не за мерки за граѓаните, не за капитални проекти – само за криминални тендери на расипничката ВМРО, велат од СДСМ.

    Според СДСМ, вистината е дека оваа Влада за две години го донесе народот до дното на сиромаштија.

    -Се покажува дека немаат ниту план, ниту желба за заштита на економијата и животниот стандард на граѓаните. Последиците од неспособната ВМРО граѓаните секој ден ги чувствуваат на бензинските пумпи, во маркетите и во своите празни паричници, стои во соопштението на партијата.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Левица: Поднесовме 47 амандмани за буџетот – Парите да се насочат кон народот

    06.07.2026 во 09:15

    ВМРО-ДПМНЕ: На Апасиев му се важни само пари – Едно зборува пред камери, друго прави зад затворени врати

    06.07.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.