Close Menu
Press24
    Најново

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Костадинова: Центарци не смеат да бидат банкомат на Герасимовски и СДС

    (ВИДЕО) Костадинова: Центарци не смеат да бидат банкомат на Герасимовски и СДС

    05.07.2026 во 11:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Продолжува легализираниот рекет на Центарци, спроведуван од Герасимовски и СДС. Некомпетентните општински советници, избрани лично од Зоран Заев, цел месец бегаат од дебата и ја одложуваат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за враќање на старите цени за паркинг маркици, за жителите на Општина Центар. Герасимовски и СДС, очигледно се решени да удрат по џебот на центарци, само за да ги трошат нивните пари на тендери за фирми блиски до Венко Филипче, изјави на денешната прес-конференција Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

    Целта е јасна, Герасимовски очигледно сака да му се раздолжи на Филпче за партиските унапредувања и позиции, а притоа да ја вовлече Општина Центар во заедничка пропаст, заедно со нив.

    Во меѓувреме, новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар остануваат непроменети. Правилникот на ПОЦ кој вели дека, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку колку автомобили се регистрирани на иста адреса, е во полн ефект.

    А центарци полека но сигурно, стануваме туѓинци во своите маала, за да не можеме да паркираме пред сопствените домови.

    Почитувани,

    СДС и Герасимовски мора да одговорат, зошто ја блокираат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за подостапен паркинг на жителите на Општина Центар?

    Герасимовски да каже, дали тој лично ќе оди од куќа до куќа, за да решава, за чие возило паркингот ќе е бесплатен, а кој ќе мора да остане без автомобил, поради изнудата која ја спроведува?!

    Ги повикуваме советниците на Зоран Заев и Венко Филипче, веднаш да ја стават на дневен ред иницијативата за промени во ценовникот на ПОЦ, бидејќи центарци не смеаат да плаќаат фиктивни ќирии за тротоарот и сокаците пред сопствените домови, додаде Костадиновска.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.