Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДС затоа го блокираат Изборниот законик 

    ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДС затоа го блокираат Изборниот законик 

    05.07.2026 во 11:382 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење.

    Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Токму нивното катастрофално владеење, неспособноста, криминалот, корупцијата и понижувањата што и ги нанесоа на државата ги натераа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија. Луѓето заминаа затоа што ја изгубија надежта дека СДС може да обезбеди достоинствен живот.

    СДС и Венко Заев наместо да покажат минимум одговорност и да овозможат полесно остварување на избирачкото право на иселениците, СДС прави се за да го закочи Изборниот законик. СДС и Венко Заев знаат дека дијаспората нема да гласа за оние кои ја натераа да си замине.

    Блокадата на СДС и Левица нема никаква врска со демократијата, туку со стравот од уште поубедлив изборен пораз.

    Доказ дека СДС се плаши од избори е и последната анкета каде ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од СДС, додека довербата во опозицијата паѓа под 100 илјади гласови.

    Со доверба од само 6 проценти, граѓаните испраќаат јасна порака дека политиките на СДС не добиваат поддршка.

    На СДС му се неопходни суштински реформи и целосно нов пристап. Додека СДС останува на чело со луѓе кои се поврзуваат со криминал и корупција, како Венко Заев, довербата кај граѓаните во СДС ќе продолжи да опаѓа.

    Дополнително, Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас јавно го поздрави предложениот Изборен законик и повика на политички консензус за негово донесување. Единствени кои остануваат на спротивната страна се СДС и Венко Заев, кои повторно ги ставаат партиските интереси пред интересите на државата и граѓаните.

    СДС и Левица колку и да блокираат, колку и да опструираат, вистината не можат да ја сокријат. Граѓаните добро знаат кој ја доведе државата до оваа состојба и кој ги принуди нивните најблиски да ја бараат својата иднина надвор од Македонија.

    Следните избори ќе бидат јасен одговор на нивната политика на блокади, поделби и неуспеси, дополнуваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.