Close Menu
Press24
    Најново

    Тушевска: Со ребалансот средствата се пренасочуваат кон проекти што ќе дадат реален ефект за граѓаните

    04.07.2026 во 14:17

    Муцунски по повод Денот на независноста на САД: Нашето стратешко партнерство се гради врз основа на меѓусебна доверба

    04.07.2026 во 14:05

    Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

    04.07.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тушевска: Со ребалансот средствата се пренасочуваат кон проекти што ќе дадат реален ефект за граѓаните
    • Муцунски по повод Денот на независноста на САД: Нашето стратешко партнерство се гради врз основа на меѓусебна доверба
    • Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани
    • Прегазил 15-годишно дете и избегал од местото на настанот: Пијан пензионер заврши зад решетки
    • Приведен охриѓанец – го фатиле со дрога
    • СДСM: Нарачана анкета во време на паника – Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа
    • Димитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП
    • Муцунски заминува за Катар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тушевска: Со ребалансот средствата се пренасочуваат кон проекти што ќе дадат реален ефект за граѓаните

    Тушевска: Со ребалансот средствата се пренасочуваат кон проекти што ќе дадат реален ефект за граѓаните

    04.07.2026 во 14:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска која истакна дека со овој ребаланс на Буџетот се врши пренасочување на средствата каде што е најпотребно, односно кон проекти и политики кои ќе дадат реален ефект за граѓаните и економијата.

    „Со овој ребаланс се врши пренасочување на средства таму каде што се најпотребни. Средствата не остануваат заробени во позиции кои нема да се реализираат, туку се насочуваат кон проекти и политики што ќе дадат реален ефект за граѓаните и за самата економија. Тоа е суштината на одговорно управување со јавните финансии. Тој е знак дека Владата активно ја следи состојбата, реагира навреме и ја води државата одговорно“, рече Тушевска.

    Пратеничката Тушевска истакна дека и покрај глобалните геополитички тензии, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на меѓународните пазари, македонската економија покажува отпорност и бележи позитивни економски показатели.

    „Светот повторно се соочува со сериозни геополитички тензии, раст на цените на енергенсите и неизвесност на меѓународните пазари. Сето тоа неминовно има влијание и врз нашата економија. Но и покрај тие предизвици, македонската економија покажува отпорност. Во првиот квартал од 2026 година е остварен реален економски раст од 3,1%, градежништвото бележи раст од дури 7,2%, а нискоградбата бележи двоцифрен раст од 24,5%. Просечната нето плата во март е повисока за 8,2%, а странските директни инвестиции достигнуваат 218,6 милиони евра, што претставува раст од речиси 47% во споредба со истиот период од лани“, рече Тушевска и додаде:

    „Тоа се показатели дека економијата има потенцијал, но и дека тој потенцијал мора да биде поддржан со паметна фискална политика. Токму затоа со овој ребаланс вкупните приходи се проектирани на 379,5 милијарди денари, а расходите на 425,8 милијарди денари. Дополнителните средства не се наменети за непродуктивна потрошувачка, напротив, тие се насочуваат кон исполнување на законските обврски, капиталните инвестиции, образованието, социјална заштита и локален развој“.

    Прочитај повеќе

    СДСM: Нарачана анкета во време на паника – Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа

    04.07.2026 во 13:19

    СДСМ: Мицкоски само лаже

    04.07.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.