Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кики Мукаетова откри дека била жртва на тешко врсничко насилство: Двапати пукнат нос, скршена рака – тон трауми

    Кики Мукаетова откри дека била жртва на тешко врсничко насилство: Двапати пукнат нос, скршена рака – тон трауми

    04.07.2026 во 10:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Водителката на емисијата „Низ град со Кики“, Кики Мукаетова, преку емотивна објава на социјалните мрежи сподели лично и потресно сведоштво за врсничкото насилство што го доживеала како дете. Нејзината реакција следува по последниот вознемирувачки случај на врсничко насилство во скопската општина Аеродром, кој ја брануваше јавноста.

    Мукаетова откри дека како малолетно девојче била жртва на тешко насилство, поради кое претрпела сериозни физички повреди, но и длабоки емоционални лузни со кои се справувала со години.

    „Два пати пукнат нос, скршена рака, тон трауми. Долги години работа со психолог и пак имам морници. И денес, на 18 години, уште го паметам стравот со кој одев во школо. Имав само 10 години, а секое седнување во клупа ми беше хорор“, напиша Мукаетова.

    Таа додава дека ужасните последици од булингот не ги почувствувала само таа, туку директно се одразиле и врз нејзиното најблиско семејство. Водителката открива дека за нејзините сестри биле правени антигрупи на социјалните мрежи, а нејзиниот брат, на само седумгодишна возраст, също така поминал низ голема траума.

    Во својата објава, Мукаетова упати и остра критика за денешниот тренд каде насилството меѓу младите масовно се снима и се споделува на социјалните мрежи со цел јавно понижување на жртвата.

    „До кога ќе гледаме деца како тепаат, понижуваат, а сега и снимаат? Колку треба да си несреќен за да направиш вакво нешто? Вие што хушкате од страна додека едно дете е тепано и понижувано, дали навистина мислите дека сте јаки?“, прашува таа.

    Згрозена од актуелните случувања, но и водена од сопственото болно искуство, Мукаетова испрати итен апел до надлежните институции и општеството за воведување построги санкции и преземање на поголема одговорност за да се запре овој опасен феномен.

    „Очајно ни треба одговорност. Најстроги казни – и за децата што вршат насилство и за родителите кога ја занемаруваат својата одговорност. Како општество, некако многу забораваме. Но децата што го преживеале овој хорор не забораваат никогаш“, порачува водителката.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.