Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Физичка пресметка за време на спортски натпревар во Аеродром – приведени двајца мажи
    • Инцидент во училишен двор во Скопје: Малолетник тешко повреден по физички напад од неколку врсници
    • Дедо од Кавадарци нашол паричник, ја извадил картичката па си пазарувал: Заработи кривична пријава
    • „Деверот не нападна“ – гостиварчанка повикала полиција
    • Тешко повреден тинејџер – возејќи мотоцикл се судрил со автомобил
    • Приведена пијана скопјанка – направила две сообраќајки
    • Уапсена 42-годишна жена од Штип: Украла пари од паричник во Тетово
    • Распуштена полициската единица за борба против дрога во Куманово поради слаби резултати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Буџетот е празен – Мицкоски ја донесе државата во ќор-сокак

    СДСМ: Буџетот е празен – Мицкоски ја донесе државата во ќор-сокак

    04.07.2026 во 10:282 Mins Read
    Мицкоски Христијан
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ преку соопштение упати сериозни критики до актуелната власт, тврдејќи дека државата се наоѓа во сериозна економска и политичка криза која води кон предвремени избори.

    Од партијата обвинуваат дека Владата на Христијан Мицкоски, составена од како што ја нарекуваат „тендер коалицијата“ на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ја довела Македонија во економски ќор-сокак, каде економијата е во слободен пад, инфлацијата ги изела платите, а јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра за две години.

    „Нема пари ниту за тековните обврски, ниту за криминалните тендери кои се потребни за збогатување на организираната криминална група. Додека за себе и за своите семејства обезбедија бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија, наместо да создава услови младите да останат во земјата, Мицкоски увезува работна сила од трети земји. Ова не е развојна политика – ова е признание за неуспех“, се вели во соопштението на СДСМ.

    Опозицијата ја коментираше и реконструкцијата на Владата, нарекувајќи ја „чист театар“ каде наместо реформи, се случува ротација на исти лица и исти политики. Во соопштението се предупредува дека реформската агенда е во застој и дека Македонија ризикува да изгуби значителен дел од европските средства, додека другите земји од регионот, како Црна Гора, добиваат милијарди евра помош.

    СДСМ тврди дека падот на рејтингот и загубата од преку 150.000 гласови се причината поради која власта веќе прави забрзани подготовки за избори, преку укинување на техничката влада и обиди за измена на изборниот закон.

    „Партнерот што служеше како сателит на ВМРО и на Мицкоски – ЗНАМ, се распадна. Повеќе не постојат ниту во анкетите, ниту на терен. Секојдневно ги напуштаат членови. Сега им е потребен нов политички субјект, што ќе глуми опозиција, за да се обидат да ги поделат и расцепкаат опозициските гласови, а по изборите повторно да му послужат на Мицкоски како нов ‘сателит’. Како што рековме, кога ќе снема пари, Мицкоски ќе распише избори“, заклучуваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Николовска до Ленче Ристоска: Бевте десна рака на Катица Јанева во СЈО, апсолутно ништо не испорачавте

    17.09.2026 во 12:45

    (ВИДЕО) Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството

    17.09.2026 во 12:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.