Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство

    29.10.2026 во 13:11

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

    29.10.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Димитриеска-Кочоска се фали со „рекордни инвестиции“, а всушност ребалансот е признание за неуспех

    СДСМ: Димитриеска-Кочоска се фали со „рекордни инвестиции“, а всушност ребалансот е признание за неуспех

    03.07.2026 во 20:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се фали дека со ребалансот на Буџетот обезбедуваат „рекордни“ 46 милијарди денари за капитални инвестиции.

    Ова е уште една пропагандна изјава која нема допир со реалноста, алармираат од СДСМ.

    Фактите се следи:

    •  Ребалансот не е направен затоа што „одговорно управуваат со јавните финансии“, туку затоа што приходите значително заостануваат зад планираното.

    •  Капиталните инвестиции во реалноста се реализираат со многу ниска стапка – често под 50%. Минатата година, и покрај големите бројки на хартија, реализацијата беше далеку под очекуваното.

    •  Наместо вистински развојни проекти, поголемиот дел од буџетот оди за тековни трошоци – плати, пензии, отплата на долгови и одржување на системот.

    •  Зад „рекордните инвестиции“ се крие зголемено задолжување, партиски криминални тендери и префрлање на средства од едни во други категории, само за да се создаде впечаток на активност. 

    Организираната криминална група во Владата на Мицкоски, која ја предводи тендер коалицијата нема развојна стратегија. Има само пропагандна машинерија која секој ребаланс го претставува како историски успех, додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, ниски плати и празен буџет.

    Ова не се „рекордни инвестиции“ тукурекордна измама на јавноста, стои во реакцијата на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.