Активен пожар попладнево е регистриран во општина Штип, на местото викано „Исар“. Овој пожар е специфичен бидејќи се наоѓа во централното градско подрачје, а таму е зафатена ниска вегетација.
Поради сериозноста на ситуацијата и близината до градот, веднаш е активирана воздушна поддршка за негово гаснење.
Директорот на ДЗС, информираше дека ЕР трактор веќе е упатен кон штипскиот регион.
„Ер трактор на ДЗС е полетан кон пожарот на штипскиот Исар“
Локалните противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат огнот од земја за да спречат негово ширење.
Граѓаните од околните куќи со загриженост ја следат состојбата поради чадот што се издига над централното градско подрачје.

