Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе лежи во затвор – МВР приведе лице барано со потерница
    • (ВИДЕО) Испливаа првите снимки од пукањето во Турција: Отишол на училиште со ловџиска пушка и отворил оган
    • МВР со засилени контроли: Над 10 илјади прекршоци за четири месеци
    • Нови можности за филмот и младите автори – Скопје гради нови партнерства за развој на филмската култура
    • Свечено отворање на Grand Casino Admiral Tetovo
    • Есенската агенда на Стопанската комора: Финансии, дигитализација и регионална соработка
    • Пукање пред училиште во Турција – повредени најмалку четири ученици
    • ФОТО: Тажна вест – Почина пионерката на македонската анимација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Величковски: Платниот систем се модернизира и приближува кон ЕУ стандардите

    Величковски: Платниот систем се модернизира и приближува кон ЕУ стандардите

    03.07.2026 во 09:282 Mins Read
    Народна Банка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ефикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што континуираните реформи на Народната банка претставуваат основа за зачувување на стабилноста и поттикнување на одржлив развој на финансискиот систем, пишува вицегувернерот Игор Величковски во обраќање во билтенот на Македонската банкарска асоцијација.

    Тој се осврнува на активностите на Народната банка во изминатиот период насочени кон зајакнување на преносните механизми на монетарната политика, како и на реформите во платниот систем како клучен дел од финансиската инфраструктура.

    Величковски посочува дека измените во оперативната монетарна рамка придонеле за подобро функционирање на меѓубанкарскиот пазар, поголема динамика во управувањето со ликвидноста и приближување на пазарните каматни стапки кон референтната стапка на Народната банка, особено во услови на зголемена неизвесност.

    Во однос на платниот систем, тој нагласува дека последните години се спроведени значајни реформи кои ја зголемиле конкуренцијата, ја подобриле заштитата на корисниците и ја засилиле безбедноста на плаќањата. Со усогласувањето со европските стандарди и пристапувањето кон СЕПА, овозможени се побрзи и поевтини плаќања во евра.

    Народната банка во моментов работи на воспоставување на нов систем за инстант плаќања базиран на клонот на ТИПС, кој ќе овозможи извршување трансакции во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата.

    Величковски додава дека новата инфраструктура ќе овозможи и развој на иновативни дигитални решенија, побрзо иницирање плаќања преку мобилни апликации и поефикасно користење на средствата од страна на трговците.

    Тој потенцира дека постигнатите резултати се резултат на заеднички ангажман на Народната банка, Министерството за финансии, банките и другите институции, при што партнерскиот пристап останува основа за понатамошна модернизација и интеграција во европскиот финансиски систем.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ќе лежи во затвор – МВР приведе лице барано со потерница

    22.09.2026 во 10:18

    МВР со засилени контроли: Над 10 илјади прекршоци за четири месеци

    22.09.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.