Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори
    • ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
    • Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
    • Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Внукот на Владо Јаневски откри непознати детали: „Се случи многу брзо…по неговата смрт ми се јавија 50 девојки„

    Внукот на Владо Јаневски откри непознати детали: „Се случи многу брзо…по неговата смрт ми се јавија 50 девојки„

    03.07.2026 во 08:582 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската јавноста сеуште тагува по Владо Јаневски кој по кратко боледување почина на 65. годишна возраст на 28 јуни, а зад себе остави бројни хитови.

    Пред Арената Борис Трајковски се собраа многу пријатели, колеги, роднини и фанови, кои со ѕвездено небо, пеејќи ги стиховите на Владо, му кажаа последно збогум, а меѓу нив и неговиот внук, Дејан Стојановиќ.

    Тој за „Претрес” на Кристијан Ландов кажа каков бил неговиот вујко.

    – Сè се случи многу брзо и за нас како фамилија не беше целосен шок, но беше навистина ненадејно. Мислевме дека станува збор за обична болка, но подоцна се покажа дека е нешто посериозно. Никогаш не го доживував како пејач. Кога ќе ми кажеше некој дека мојот вујко напишал песна, за мене тој беше едноставно вујко. Го гледав на сосема поинаков начин.Тој уживаше во својот начин на живот. Беше повлечен, живееше без многу стрес и се држеше настрана од сè што можеше да го оптовари. Можеби токму затоа се дистанцираше од семејството и околината, за да живее посмирено, изјавил Дејан додавајќи дека секогаш имал време за фамилијата.

    Дејан неколку години му бил менаџер на Јаневски и заедно оделе по концерти.

    -Еве ќе споделам искрено, последниот ден јас добив повици од 50 различни девојки за Владо, што на индиректен начин некако бил поврзан со нив, па ми ги враќаа филмовите, од каде ме знаат од порано. Владо си живееше на свој начин убаво. Среќен го правеше добра музика, секогаш сме сакале да слушаме „Dire Straits“, сакаше добро јадење и добро изработен тренинг. Секогаш изгледаше прекрасно за годините. Неговиот ден се сведуваше на пишување текст, здрава исхрана, протеинска, дали ќе отиде во хотел или на друго место каде што ќе јаде здраво, да извежба убаво, тоа го правеше среќен.Најголемата негова радост беше кога ќе одевме по концерти, да види деца. И секогаш викаше, штом има деца од 15-20 години, тие ќе ме слушаат до крај на живот. И тоа го радуваше најмногу, вели тој.

    Македонската музичка легенда беше погребана на градските гробишта во Бутел.

    Македонската музичка сцена изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. Познатиот музичар и пејач кој себе остави богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении.

    Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    А1 Македонија втора година по ред генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

    11.09.2026 во 11:31

    Газдата на Авалон се извини – бев меѓу двајца полицајци, уморен и под стрес

    11.09.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.