Ирски државјанин се здобил со тешки телесни повреди во Мостар, откако била активирана пиротехничка направа за време на организирано гледање на фудбалскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и САД.
Од Кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“ информираат дека повредениот е со иницијали В. В. (роден 2002 година) и има сериозни повреди на десната рака.
Лекарите веднаш извршиле итни хируршки процедури врз младиот човек, по што неговата здравствена состојба е стабилизирана.
Се очекува тој да биде отпуштен од болницата во текот на денешниот ден или најдоцна утре, по што веднаш ќе замине за Ирска каде ќе го продолжи лекувањето.
Инцидентот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи на Херцегованско-неретванскиот кантон, чии полициски службеници го обезбедувале јавниот собир на плоштадот Мусала.
За повредата на младиот Ирец полицијата била известена директно од екипата на Итната медицинска помош која интервенирала на местото на настанот.
Медицинските лица од болницата алармираат дека ова не е изолиран случај и дека од почетокот на Светското првенство има неколку вакви повреди од пиротехника.
Поради ова, здравствените работници во Босна и Херцеговина упатија итен апел до граѓаните да избегнуваат употреба на пиротехнички средства за време на спортски прослави.

