Close Menu
Press24
    Најново

    Бојковска: Обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација

    02.07.2026 во 11:13

    Манасиевски: СДС и Левица го кочат изборниот закон и гласањето на дијаспората

    02.07.2026 во 11:08

    Божиновска од Приштина: Регионот мора да функционира како единствен енергетски систем

    02.07.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бојковска: Обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација
    • Манасиевски: СДС и Левица го кочат изборниот закон и гласањето на дијаспората
    • Божиновска од Приштина: Регионот мора да функционира како единствен енергетски систем
    • Малолетнички и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали
    • Нови измени во царинската тарифа: Поддршка од странските инвеститори
    • ФОТО: Бесплатен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
    • Драма во Македонија: Куче искаса 11-годишно дете
    • Пронајден проектил на паркирано возило – Македонската полиција го истражува случајот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: Обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација

    Бојковска: Обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација

    02.07.2026 во 11:132 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

    -Особено значаен дел од Реформската агенда е дигиталната трансформација, област во која Македонија веќе бележи конкретен и мерлив напредок. Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација. Тоа се средства кои доаѓаат поради исполнети обврски. Тоа се средства кои се резултати на реформи, донесени закони и јасна посветеност на државата да се движи напред. Ова е суштината на пораката дека Македонија забрзува. Забрзува во реформите, забрзува во дигиталната трансформација и забрзува во испораката на резултати за граѓаните, вели Бојковска.

    Додава дека дигиталната трансформација значи конкретна промена за граѓаните од услуги без непотребно чекање, до помалку бирократија, поедноставни процедури и институции кои работат побрзо и поефикасно. Токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Во 2025 година беше донесен најголемиот пакет на закони во областа на дигиталната трансформација. Тој реформски пакет ги поставува темелите на модерна дигитална држава, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на потребите на граѓаните и на бизнисот. Оваа динамика продолжува и годинава. Ќе бидат донесени и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда, со цел Македонија да остане меѓу водечките држави во регионот во спроведување на реформите. Разликата е јасна. Имаме конкретни чекори, испорачуваме реформи, создаваме  систем и градиме држава којашто е сервис на граѓаните. Тоа е суштината на реформите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ, додава таа.

    Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да работи на целосно спроведување на Реформската агенда, на развој на дигитализацијата и на нејзиното вклучување во сите области од општеството.

      Just In Влада
      Прочитај повеќе

      Манасиевски: СДС и Левица го кочат изборниот закон и гласањето на дијаспората

      02.07.2026 во 11:08

      Божиновска од Приштина: Регионот мора да функционира како единствен енергетски систем

      02.07.2026 во 11:05
      Facebook X (Twitter) Instagram
      • Насловна
      • Најново
      • Импресум
      • Маркетинг
      Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

      Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.