Во Полициското одделение Групчин било пријавено дека 11-годишно дете од Сараќино било каснато од куче додека се движело низ селото.
Според информациите од полицијата, на 2 јули околу 00:20 часот, Р.С. од Сараќино пријавила дека претходната вечер околу 22:30 часот нејзиниот син бил нападнат од куче пред куќа на жител на селото.
Како што е наведено, кучето било без надзор и не било соодветно врзано, при што детето се здобило со повреда на десната потколеница.

