Close Menu
Press24
    Најново

    Најмногу дожд наврна во Црешево – каква е состојбата низ цела држава?

    01.07.2026 во 21:19

    Венс: Имаме опции доколку Иран се обиде повторно да ја обнови нуклеарната програма, но нема непотребно да фрламе бомби

    01.07.2026 во 20:40

    Трагедија кај Кавадарци: Загина камионџија откако камионот паднал во провалија

    01.07.2026 во 20:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмногу дожд наврна во Црешево – каква е состојбата низ цела држава?
    • Венс: Имаме опции доколку Иран се обиде повторно да ја обнови нуклеарната програма, но нема непотребно да фрламе бомби
    • Трагедија кај Кавадарци: Загина камионџија откако камионот паднал во провалија
    • СДСМ: ЗНАМ 2.0 – платформа за „иднината“ на Мицкоски промовирана од Орбановите медиуми
    • Заглавени автомобили, поплава во МАНУ, поплави во куќи во повеќе градови: Ова се последиците од невремето
    • И Булевар „Србија“ има скокалница
    • Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се будни, мобилизирани и на терен
    • Невремето во Струмичко предизвика серија пожари: Противпожарните екипи спасија повеќе села од поголема штета
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмногу дожд наврна во Црешево – каква е состојбата низ цела држава?

    Најмногу дожд наврна во Црешево – каква е состојбата низ цела држава?

    01.07.2026 во 21:192 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вистински потоп и енормна количина на воден талог од дури 74 литри на квадратен метар наврна во изминатите 12 часа во скопското село Црешево, кое беше најпогодено од невремето.

    Веднаш по него, според официјалните мерења, најкритично било во Општина Гази Баба каде се регистрирани 44 литри, по што следат Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри дожд.

    Огромни количини вода паднаа и во Струмица и на Зајчев Рид каде се измерени по 18 литри, додека во Карпош се регистрирани 13 литри на метар квадратен.

    Метеоролозите појаснуваат дека поради изразената локалност на овие атмосферски процеси, паднатата количина воден талог варира и на некои места штетите и дождот се многу поголеми од официјално измерените.

    За среќа, до крајот на денот облачноста во државата драстично ќе се намали, со што во текот на ноќта ќе преовладува стабилно и претежно ведро време без нови врнежи.

    • „Најмногу дож – 74 литри на квадратен метар во изминатите 12 часа наврна во скопско Црешево, по што следат Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри на квадратен метар, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од Управата посочуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, соопштија од УХМР.

    Прочитај повеќе

    Трагедија кај Кавадарци: Загина камионџија откако камионот паднал во провалија

    01.07.2026 во 20:35

    СДСМ: ЗНАМ 2.0 – платформа за „иднината“ на Мицкоски промовирана од Орбановите медиуми

    01.07.2026 во 19:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.