Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ЗНАМ 2.0 – платформа за „иднината“ на Мицкоски промовирана од Орбановите медиуми

    СДСМ: ЗНАМ 2.0 – платформа за „иднината“ на Мицкоски промовирана од Орбановите медиуми

    01.07.2026 во 19:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Промоција преку медиуми од таканаречената Орбанова мрежа и тајна координација од сенка за создавање лажна опозиција е новата политичка стратегија на власта, обвинуваат вечерва од СДСМ преку вонредно соопштение.

    Според тврдењата на Бихаќка, зад проектот наречен „ЗНАМ 2.0“ директно стои премиерот Христијан Мицкоски, кој уште од декември минатата година се обидувал да протне ваква платформа со цел да предизвика внатрешни поделби.

    Како главен оператор во сенка кој ги подготвува медиумските напади против социјалдемократите се посочува новинарот Драган Павловиќ – Латас, за кого од опозицијата тврдат дека соработува со странски служби.

    Идејата на целиот овој политички инженеринг е да се соберат пропаднати стари кадри и профитери со приватни бизниси, кои под строги правила на затвореност ќе глумат алтернатива на политичката сцена.

    СДСМ алармира дека крајната цел на овој владин сателит е намерно расцепкување на опозициските гласови, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ се соочува со сериозен пад на рејтингот, лоша економија и закочен пат кон ЕУ.

    • „Додека вчера овие луѓе беа ништо – без структура, без име, без јасна платформа – денес одеднаш излегуваат со „платформа за иднината на Мицкоски“. Ова е проектот ЗНАМ 2.0. Мицкоски уште во декември почна да го турка овој проект. Прво се обиде да го провлече преку СДСМ, за да создаде внатрешна поделба и да го урне рејтингот на партијата одвнатре. Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно“, соопштија од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.