Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) „Лидл“ официјално ја започна изградбата на маркетот во Струмица

    01.07.2026 во 16:36

    ФОТО: Целосно поплавен подвозникот на Булевар Србија

    01.07.2026 во 16:26

    ФОТО: Виси семафор во Радишани

    01.07.2026 во 16:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) „Лидл“ официјално ја започна изградбата на маркетот во Струмица
    • ФОТО: Целосно поплавен подвозникот на Булевар Србија
    • ФОТО: Виси семафор во Радишани
    • Паднати фасади и дрвја, оштетени стотици возила, колапс на семафорите – Невремето направи хаос во Скопје
    • (ВИДЕО) Снема струја во Ист Гејт
    • (ВИДЕО) Поплавени улиците во близина на Усје во Скопје
    • ФОТО: Силно невреме со град го зафати Скопје
    • (ВИДЕО) Хаос ни скопските улици: Кола заглавена во вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) „Лидл“ официјално ја започна изградбата на маркетот во Струмица

    (ФОТО) „Лидл“ официјално ја започна изградбата на маркетот во Струмица

    01.07.2026 во 16:364 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Струмица е најновата клучна точка на инвестициската мапа на Lidl во земјава. Со денешното поставување на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на Lidl во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, поддршка на домашното производство и воспоставување на најсовремени малопродажни стандарди.

    Пред присутните високи гости и претставници на локалната заедница, оперативниот директор на Лидл Северна Македонија, Рубријан Хаџиев, истакна дека овој проект е симбол на долгорочната посветеност на компанијата кон македонскиот пазар.

    „Поставувањето на темелите во Струмица е важен чекор во реализацијата на нашата визија. Досега Lidl инвестираше повеќе од 200 милиони евра во модерна логистичка и продажна инфраструктура, градејќи систем кој носи вредност за сите. Секој наш маркет е новa можност за работни места и мост локалните добавувачи до нашата широка мрежа. Горди сме што минатата година извозот на македонски производи преку Lidl достигна 15,5 милиони евра, а со објекти како овој во Струмица, тие можности дополнително ќе растат“, изјави Хаџиев. Тој додаде дека Lidl останува посветен на воведување високи стандарди во малопродажбата, како и на инвестиции кои создаваат долгорочна вредност.

    Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, посочи дека ваквите инвестиции се јасен сигнал за подобрената деловна клима и довербата на странските инвеститори.

    „Доаѓањето на еден од наjголемите светски брендови во трговиjата како што е Лидл многу значи за државата, за економијата на државата и за бизнис климата. Станува збор за инвестиција вредна повеќе од 200 милиони евра, која ќе отвори нови можности за економски раст и отворање нови работни места. Знам дека Lidl веќе извезува македонски производ и сакам да се заблагодарам за тоа. Убеден сум дека новиот маркет на Lidl во Струмица ќе придонесе не само за поголем избор и поквалитетна понуда за потрошувачите, туку и за дополнителен пласман на македонските производи, особено на земјоделските производи од струмичкиот регион. Како Влада сме благодарни и ќе продолжиме да ги поддржуваме сите инвестиции кои придонесуваат за развојот и конкурентноста на македонската економија“, нагласи Николоски.

    Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, изрази задоволство што светски бренд како Lidl го препознава економскиот потенцијал и претприемачкиот дух на регионот.

    „Овој маркет е голема придобивка за Струмица. Тој значи нови вработувања и нови партнерства за нашите локални компании. Нашата општина останува отворена за соработка и поддршка на проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот. Верувам дека ова е почеток на едно успешно партнерство кое ќе донесе долгорочен просперитет за нашите сограѓани“, истакна Јанков.

    Директорот за недвижности на Lidl за Бугарија и Северна Македонија, Бисер Инчовски, нагласи дека компанијата при изградбата на своите објекти применува најсовремени стандарди за одржливо градење, истовремено создавајќи вредност и за домашната економија.

    „Новиот маркет во Струмица се гради според највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност и одржливост, со примена на современи технолошки решенија кои придонесуваат за заштита на животната средина. Посебно внимание посветуваме и на уредувањето на просторот, па дури 20 проценти од парцелата ќе бидат озеленети. Истовремено, особено ни е драго што во реализацијата на овој проект како изведувачи се ангажирани исклучиво домашни компании. На тој начин, покрај создавањето современ малопродажен објект, директно придонесуваме и за развојот на локалната градежна индустрија и македонската економија“, изјави Инчовски.

    Клучни факти и бројки за новиот маркет на Lidl во Струмица:

    • Вкупна површина: 2 445 m²
    • Малопродажен простор: 1 500 m²
    • Паркинг места: 111 паркинг места за лесен пристап и удобност при купувањето.
    • 20 % зеленило во рамките на парцелата
    • Енергетска ефикасност: Објектот се гради според највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност и одржливост, со примена на современи технолошки решенија за заштита на животната средина.

    Во подготовката за отворањето на маркети низ земјата Лидл Северна Македонија спроведува активна кампања за вработување на персонал во продажба и работа во логистичкиот центар. Заинтересираните кандидати може да аплицираат на jobs.lidl.mk

    Lidl досега има инвестирано повеќе од 200 милиони евра во развој на современа малопродажна и логистичка инфраструктура во земјава. Компанијата е дел од групацијата Schwarz Group, и е еден од водечките трговци со храна во Европа. Компанијата управува со околу 12 900 маркети во 31 држава, а вработува над 395 000 луѓе ширум светот.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Целосно поплавен подвозникот на Булевар Србија

    01.07.2026 во 16:26

    ФОТО: Виси семафор во Радишани

    01.07.2026 во 16:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.