Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција

    01.07.2026 во 13:17

    Николоски: Поставен камен-темелник за „Лидл“ во Струмица, македонските земјоделски производи добиваат извоз на Европскиот пазар

    01.07.2026 во 13:10

    Невремето се шири, пороен дожд и град и во Свети Николе

    01.07.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција
    • Николоски: Поставен камен-темелник за „Лидл“ во Струмица, македонските земјоделски производи добиваат извоз на Европскиот пазар
    • Невремето се шири, пороен дожд и град и во Свети Николе
    • Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски се врати на работните обврски
    • Манасиевски: Тоа што би го направиле СДС нам ни на мисли не ни поминува
    • Силно невреме со град и засилен ветер ги зафати Кичево и Преспа
    • Мицкоски: Нема да се кандидирам за претседател на изборите во 2029 година
    • Мицкоски: Ги прифаќаме предлозите на СДСМ и Левица за Изборниот законик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција

    Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција

    01.07.2026 во 13:173 Mins Read
    default
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот мост „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, кој со години беше надвор од употреба поради нерешени имотно-правни односи, конечно ќе биде пуштен во сообраќај. Процесот е придвижен откако градските и општинските власти го решија долгогодишниот проблем со експропријација на куќите на самата траса.

    На терен веќе започна расчистувањето на булеварот „АСНОМ“, со што се отвора патот за целосно поврзување на сообраќајната инфраструктура.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека ова решение доаѓа по помалку од една година од преземањето на одговорноста за градот.

    „Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција! Со години беше симбол на застојот. Кај скопјани остана запаметен како „мостот што водеше во дневна соба“ или „мостот за ловење риба“. Конечно, станува мост што ќе ги поврзува луѓето, ќе го забрзува сообраќајот и ќе го менува секојдневието на граѓаните. Ова е резултат на силна волја, чесен збор и секојдневна, макотрпна работа. Кога ја презедов одговорноста да го водам Скопје, ветив дека овој проблем ќе биде решен во текот на мојот четиригодишен мандат. Денес, со гордост можам да кајам дека тоа ветување го исполнуваме за помалку од една година.“

    Според планот, градежните и теренските активности ќе продолжат паралелно и на преостанатиот дел од булеварот до негово целосно финализирање.

    Ѓорѓиевски упати јавна благодарност до семејствата кои покажаа разбирање за општествениот интерес, како и до градоначалниците на Гази Баба и Аеродром.

    „Во изминатиот период го решивме најголемиот предизвик, експропријацијата. По истекот на рокот за преселување на семејствата кои живееја на трасата, денес започнуваме со расчистување на булеварот „АСНОМ“, токму од мостот „Генерал Михајло Апостолски“, со што започнува неговото конечно ставање во функција. Паралелно продолжува и процесот на експропријација на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување. Од срце сакам да им изразам благодарност на луѓето со кои денес заеднички испишуваме едно ново поглавје. Благодарна на чесните, достоинствени и домаќински семејства кои покажаа разбирање и мудрост, кои подадоа рака таму каде што со години имаше застој. Благодарна за довербата, за човечкиот однос. Денес, тие не се дел од проблемот, туку решението. Искрена благодарност упатувам и до моите колеги Бобан Стефковски и Дејан Митески, за нивната посветеност, поддршка и заедничка борба овој долгогодишен проблем конечно да стане минато.“

    Покрај овој проект, најавено е придвижување и на неколку други клучни сообраќајни точки во главниот град кои со години беа блокирани.

    „Но, ова не е единствениот откочен проект. За само неколку месеци ги откочивме „Момин Поток“, булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и подземната сообраќајница на булеварот „Македонија“ – проекти кои со години изгледаа како недостижна желба, а данас чекор по чекор стануваат реалност. Тоа е разликата кога има визија. Тоа е разликата кога има храброст да се носат одлуки. Тоа е разликата кога се работи секој ден, без изговори. Тоа е разликата кога дадениот збор пред народот е света обврска, а не празно политичко ветување. Секоја завршена улица, секој нов мост е доказ дека Скопје повторно се движи напред. Ова е резултат на силна, искрена и неуморна работа. Но, повеќе од сѐ, ова е резултат на довербата што секојдневно ми ја давате вие, мојот народ. Таа доверба е мојата најголема сила и најголема обврска. Кога има искрена намера, кога има чесен пристап и кога постои љубов кон својот град, нема невозможни проекти. Продолжуваме уште посилно. За Скопје што повторно победува. За Скопје какво што го сакаме. За Скопје, какво што го заслужуваме!“, истакна Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски дел од ѕвезденото небо за Владо Јаневски: „Ти благодарам што ми подари победничка химна”

    01.07.2026 во 08:34

    Дел од Карпош без вода

    01.07.2026 во 08:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.