Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ги прифаќаме предлозите на СДСМ и Левица за Изборниот законик

    Мицкоски: Ги прифаќаме предлозите на СДСМ и Левица за Изборниот законик

    01.07.2026 во 12:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека партијата ги прифаќа сите предлози на опозициските СДСМ и Левица во однос на измените на Изборниот законик, со исклучок на електронското гласање за дијаспората. Премиерот истовремено ги демантираше шпекулациите во јавноста дека планира претседателска кандидатура во 2029 година.

    Мицкоски потенцираше дека по завршувањето на неговиот премиерски мандат планира да и се посвети на академската кариера.

    „Прво, немам намера да се кандидирам 2029 година за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на државата се враќам на факултет. Второ, кога зборувам за прифаќање на нивните предлози, се што ќе предложат се ќе им прифатиме, освен гласањето на дијаспората и трето, мораме сите заеднички, бидејќи сите го правевме, да се потпишеме како поднесок на истиот тој закон, изјави Мицкоски.“

    Тој ја обвини партијата Левица за политичко лицемерие, посочувајќи дека нивната работна група зад сцената прифатила сè, а јавно одбива да се потпише на предлог-законот.

    „Додуша нивниот главен фокус беше на финансирањето на кампањата. Се што побараа им беше прифатено. Усогласено беше со сите со кои преговараа. Впрочем, има и записници. Сега ние не можеме да зборуваме едно позади завеса, а друго да правиме пред завеса. Проблемот каде настана? Кога политичката партија рече ние нема да се потпишеме. Вие потпишете се. Ние нема да правиме филибастеринг, вие слободно гласајте го и така да помине. Со тоа каква порака испраќаат? Ние добивме тоа што сакаме. Работевме цело време најлицемерно, сега откажуваме за да се прикажеме перед оние што не поддржуваат дека еве ние сме тврдокорните, робиспјерови некои следбеници или не знам што, а во суштина како мачиња се си прифатија за време на дебатата. Тоа е таа лицемерна политика која што континуирано оваа политичка партија ја води. И еве да им олеснам, бидејќи гледам дека во јавноста шпекулираат со тоа дека јас сум предложил дијаспората да биде вклучена во гласањето, што е природно, на електронски начин од следните претседателски избори 2029 година, па јас ќе сум се кандидирал, па затоа тоа сум го предложил. Нема да се кандидирам – рече Мицкоски.“

    Во однос на дијаспората, премиерот појасни дека електронското гласање е неопходно од практични причини за нашите иселеници кои имаат македонски пасоши и се наоѓаат на Избирачкиот список.

    Мицкоски се осврна и на барањето за една изборна единица, нагласувајќи дека е потребен изборен праг за влез во Собранието.

    „За да покажете дека сте сериозни мора да има одреден цензус којшто вие морате да го постигнете за да влезете во Парламентот. Ова не е шведска маса, па што ни чини да си прифаќаме што не ни чини да си оставаме на масата. Тоа така не функционира. Мора да сме одговорни и зрели луѓе затоа што граѓаните од нас очекуваат одговорност и зрелост, а не политикантство и детски манири да покажуваме, а се обидуваме да бидеме сериозни политичари, рече Мицкоски.“

    Доколку политичките партии не постигнат конечен консензус, изборите ќе се спроведат по стариот Изборен законик, а собраниските разговори меѓу координаторите продолжуваат денеска.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.