Со реконструкцијата на Владата, Министерството за социјална политика ќе го преземе Ѓоко Велковски, кој во моментов ја извршува функцијата заменик-министер.
Тој се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и упати благодарност.
-Упатувам искрена благодарност до Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски Hristijan Mickoski и до Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба да бидам предложен за министер за социјална политика, демографија и млади.
Оваа доверба за мене претставува голема чест, но и уште поголема одговорност.
Функцијата ќе ја извршувам чесно, одговорно и посветено, водејќи се исклучиво од интересите на сите граѓани на Република Македонија.
Верувам дека само со искрена работа, посветеност и отворен дијалог можеме да изградиме подобар систем на социјална заштита, да создадеме повеќе можности за младите и да придонесеме за поквалитетен живот за секој граѓанин.
Благодарам, напиша Велковски.

