Close Menu
Press24
    Најново

    Перински се сели во ФЗО: Подобри институции и подобар живот за граѓаните

    01.07.2026 во 10:35

    Инцидент во Звездара: Три жени упаднале во куќа на маж и го избоделе

    01.07.2026 во 10:33

    Во оваа држава може да платите голема казна доколку автомобилот ви работи со клима додека нема никој во него

    01.07.2026 во 10:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Перински се сели во ФЗО: Подобри институции и подобар живот за граѓаните
    • Инцидент во Звездара: Три жени упаднале во куќа на маж и го избоделе
    • Во оваа држава може да платите голема казна доколку автомобилот ви работи со клима додека нема никој во него
    • Регионот се прости од Владо Јаневски – „Замина тивко без збогум”
    • Москва ги затвора граничните премини со три европски земји
    • Валандово ја започна обновата на Градскиот стадион
    • ВМРО-ДПМНЕ: „Безбеден град“ за 40% го намали бројот на жртви на патиштата
    • Телефонски разговор Сиљановска-Вучиќ: Развиваме блиски и пријателски односи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински се сели во ФЗО: Подобри институции и подобар живот за граѓаните

    Перински се сели во ФЗО: Подобри институции и подобар живот за граѓаните

    01.07.2026 во 10:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две години исполнети со многу работа, предизвици и резултати. Чувствувам искрена благодарност што имав можност да бидам дел од тимот кој работеше за вистински промени преку Министерството за локална самоуправа. Ова на Фејсбук го напиша Златко Перински, кој со кадровските промени во Владата, доаѓа на местото на Сашо Клековски, како нов директор на Фондот за здравство.

    -Заедно со моите соработници покажавме дека државата може да биде вистински партнер на општините. Поддржавме 1.116 инфраструктурни проекти во вредност од 18,4 милијарди денари, воспоставивме Ресурсен центар за поддршка на општините, започнавме значајни законски реформи, работевме на финансиска стабилизација на општините и создадовме посилни механизми за рамномерен регионален развој. Истовремено, обезбедивме силна искористеност на европските фондови, со десетици проекти кои веќе се реализираат во корист на граѓаните.

    Најголемата вредност од сето ова не се само бројките, туку поставените темели за посилни општини, подобри јавни услуги и поквалитетен живот за секој граѓанин.

    Упатувам искрена благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за довербата, поддршката и можноста да бидам дел од реформскиот тим кој секојдневно работи за напредокот на Македонија.

    Новата должност како директор на Фондот за здравствено осигурување ја прифаќам со истата енергија, одговорност и посветеност. Здравството е еден од најважните столбови на секое општество и мојата цел ќе биде Фондот да биде уште поефикасен, пофункционален и вистински сервис на осигурениците, здравствените работници и здравствените установи.

    Продолжуваме со работа. Со истата посветеност, со уште поголема одговорност и со јасна цел – подобри институции и подобар живот за сите граѓани, напиша Перински во Фејсбук објавата.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Регионот се прости од Владо Јаневски – „Замина тивко без збогум”

    01.07.2026 во 10:13

    Валандово ја започна обновата на Градскиот стадион

    01.07.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.