Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за краткотрајно невреме со град. Температурите ќе се движат од 12 до 22 степени наутро, а дневните ќе достигнат од 30 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне се очекуваат пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за краткотрајно невреме. Температурата ќе биде од 17 до 35 степени.
Според УХМР, утре и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи и грмежи, а локално се можни невреме, силен ветер и град. Температурите ќе опаѓаат, а за време на викендот ќе преовладува посвежо време со умерен до засилен северен ветер.

