Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поднел официјално барање до судот за одлагање на неговата едногодишна затворска казна, повикувајќи се на нарушени здравствени причини.
Јакимовски требаше веќе да биде спроведен на издржување на казната за кривичното дело „бесправно градење“, откако Апелациониот суд ја потврди неговата првостепена затворска пресуда. Веднаш по издавањето на упатниот акт, тој доставил обемна медицинска документација од две приватни здравствени установи во Скопје, со цел да го одложи влезот зад решетки. Судијата за извршување санкции веќе испратил итни барања и ургенции до двете приватни клиники за проверка на документите, но од таму сè уште нема соодветен одговор. Додека се чекаат одговорите од болниците, почетокот на извршувањето на затворската казна законски се одлага, а судот има рок од 30 дена да донесе конечна одлука. „По издавање на упатен акт за издржување на затворската казна, обвинетиот поднел барање за одлагање од 12.06.2026 година, заради здравствени причини.
Судијата за извршување санкции по приемот на барањето, веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15.06.2026 како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања сеуште се чека одговор“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
- Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
- Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
- Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
- Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
- Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
- СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
- Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
- Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

