Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски го пречека литванскиот колега: Проширувањето на ЕУ мора да остане клучен приоритет

    29.06.2026 во 11:55

    Судот одлучи: Маж заминува во 30-дневен притвор осомничен за убиството на сопругата

    29.06.2026 во 11:52

    Почина режисерот Сашо Миленковски

    29.06.2026 во 11:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски го пречека литванскиот колега: Проширувањето на ЕУ мора да остане клучен приоритет
    • Судот одлучи: Маж заминува во 30-дневен притвор осомничен за убиството на сопругата
    • Почина режисерот Сашо Миленковски
    • Велјановски: Намалување на бројот на жртвите на патиштата со „Безбеден град”
    • Лефков: Потребни се гаранции, а не нови условувања од Софија
    • Средба Муцунски-Будрис: Македонија добива силна поддршка за евроинтеграциите
    • Пекол уште во 11 часот, Скопје меѓу најтоплите градови – Од утре голема промена
    • Убиство ја потресе Македонија: Ја земал од работа, ја задушил, па рекол дека му се јавила на сон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски го пречека литванскиот колега: Проширувањето на ЕУ мора да остане клучен приоритет

    Муцунски го пречека литванскиот колега: Проширувањето на ЕУ мора да остане клучен приоритет

    29.06.2026 во 11:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

    На средбата, двајцата министри изразија задоволство од развојот на билатералните односи во изминатите три децении и ја потврдија заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Во разговорите беше нагласена потребата од нов импулс во политичката, економската и секторската соработка, како и од продолжување на интензивниот политички дијалог. Беше констатирано дека традиционалното пријателство меѓу двете земји претставува цврста основа за натамошно продлабочување на соработката и за заемна поддршка во мултилатералните рамки.

    Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка што Република Литванија ѝ ја дава на нашата држава во процесот на европската интеграција. Во тој контекст, министерот Будрис ги поздрави реформските достигнувања на Република Северна Македонија и ја нагласи важноста од продолжување на реформскиот процес како основа за напредок на европскиот пат. Тој истакна дека проширувањето на Европската Унија мора да остане врвен политички приоритет и оцени дека актуелниот геополитички момент бара нова динамика во политиката на проширување.

    „Од 1 јануари го преземаме претседавањето со Советот на Европската Унија, а политиката на проширување ќе биде еден од нашите врвни приоритети. Верувам во силна Европска Унија како силен геостратешки актер. За Европа да биде посилна, мора да биде поголема и да им даде можност на земјите кои предолго чекаат да станат дел од европското семејство. Северна Македонија спроведува реформи и тој напредок е препознаен. Државата е на вистинскиот пат, а Литванија ќе продолжи силно да го поддржува вашиот европски пат. Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа“, истакна министерот Будрис.

    Министерот Муцунски нагласи дека со министерот Будрис разговарале за можностите за поинтензивна политичка, економска и секторска соработка, како и за реализација на конкретни заеднички иницијативи во периодот што следи.

    „Отворањето на македонската амбасада во Вилнус претставува значаен чекор напред. Тоа не е само административна одлука, туку политичка порака дека сакаме уште поблиско партнерство со Литванија и уште поефикасна институционална комуникација“, истакна Муцунски.

    Двајцата министри разменија мислења и за актуелните регионални и глобални прашања, како и за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа. Во разговорите беше потврдена заедничката определба за понатамошна координација во рамките на НАТО и мултилатералните организации, со цел зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

    Прочитај повеќе

    Велјановски: Намалување на бројот на жртвите на патиштата со „Безбеден град”

    29.06.2026 во 11:24

    Лефков: Потребни се гаранции, а не нови условувања од Софија

    29.06.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.