Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ најави оставка: „Ова се моите последни денови и недели како претседател“

    28.06.2026 во 11:14

    Полска крена вонредна состојба поради пеколните жештини: Се очекуваат историски 43 степени

    28.06.2026 во 11:11

    Топлотниот бран незапирливо се шири кон Исток: Германија и Италија се соочуваат со екстремни температури

    28.06.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ најави оставка: „Ова се моите последни денови и недели како претседател“
    • Полска крена вонредна состојба поради пеколните жештини: Се очекуваат историски 43 степени
    • Топлотниот бран незапирливо се шири кон Исток: Германија и Италија се соочуваат со екстремни температури
    • Историски рекорд: Измерена највисоката температура во Данска од 1874 година, Европа се „пржи“ под топлотен бран
    • Чудо во Венецуела: Поминало три дена под урнатините, спасено 11-годишно дете по разорниот земјотрес
    • Дневен хороскоп: Нови можности за Близнаците, Вагата ќе размислува за ново патување
    • СДСМ: Додека ЗНАМ се распаѓа, раководството организира караван
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС цело време зборуваат за европски реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ најави оставка: „Ова се моите последни денови и недели како претседател“

    Вучиќ најави оставка: „Ова се моите последни денови и недели како претседател“

    28.06.2026 во 11:142 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа најави дека ќе поднесе оставка, без да прецизира кога точно ќе го стори тоа. Настапувајќи на митинг на владејачката Српска напредна странка (СНС) во Белград, пред илјадници приврзаници, тој изјави дека ќе остане на funkcijaта „уште неколку недели“.

    Српскиот шеф на државата пред присутните јасно ги соопшти своите понатамошни чекори во однос на претседателската функција.

    „Ова се моите последни денови и недели како претседател на републиката. Потоа ќе поднесам оставка. На раководството на Српска напредна странка му кажав дека на претстојните избори ќе помогнам да го освоиме довербата на народот за следните четири години“, рече Вучиќ.

    Тој најави дека власта и нејзините коалициски партнери ќе излезат на избори со листа под назив „Единствена Србија“, но не наведе кога точно ќе бидат распишани новите парламентарни избори. Инаку, Вучиќ се соочува со масовни анти-владини протести од ноември 2024 година, предводени од студентското движење кое ја обвинува владата за корупција и бара предвремени избори.

    Како визуелен акцент на митингот беше развиорено српското национално знаме долго над 500 метри и тешко речиси еден тон, а се појавија и два хуманоидни робота со традиционални српски имиња — Милутин и Драгутин. Во својот говор, тој нагласи дека Србија ќе ги задржи партнествата со Кина и Русија, но ќе продолжи и по европскиот пат.

    Претседателот упати обвинувања кон студентското движење, но повика и на дијалог, обвинувајќи ги „странските центри на моќ“ за мешање во изборите без да понуди докази.

    „Верно ѝ служам на својата земја четиринаесет години. Се борев само за Србија и никогаш не посакав да му служам на било кого друг освен на вас, граѓаните на Србија“, изјави тој.

    Според Министерството за внатрешни работи на Србија, на митингот пред Собранието во Белград, кој се одржа на високи 36 степени, присуствувале околу 207.000 граѓани.

    Настанот се одржа во пресрет на големиот празник Видовден, за кога студентите веќе најавија контрамитинг во Краљево под слоганот „Сè се гледа на Видовден“. Подготовките за собирите ги следи и истрага на Вишото јавно обвинителство во Белград против активисти за наводно планирање напад со звучно оружје на претходните протести во март, што студентите експресно го оценија како лага и одвлекување на вниманието.

    Прочитај повеќе

    Автомобил се забил во полна кафеана – ужас во регионот

    27.06.2026 во 13:50

    Градежни блокови паднаа врз две деца за време на игра – хорор го потресе соседството

    27.06.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.