Close Menu
Press24
    Најново

    Видео што го обиколи светот: Жена роди живо бебе среде катастрофата во Венецуела

    26.06.2026 во 21:38

    Вонредна состојба на Крим: Акутен дефицит на гориво, властите бараат „здрав разум“ од граѓаните

    26.06.2026 во 21:20

    Дванаесет години затвор за Хрват кој во Виена уби Србин по расправија за политика

    26.06.2026 во 21:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Видео што го обиколи светот: Жена роди живо бебе среде катастрофата во Венецуела
    • Вонредна состојба на Крим: Акутен дефицит на гориво, властите бараат „здрав разум“ од граѓаните
    • Дванаесет години затвор за Хрват кој во Виена уби Србин по расправија за политика
    • Костовски до Ахмети: Бутел не е на продажба
    • Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско – има превртено товарно возило
    • Митрески: Власта удри по наставниците, ама не се откажува од своите луксузи и привилегии
    • Папа Лав Четиринаесетти: Војната никогаш не е благословена од Бога
    • Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Видео што го обиколи светот: Жена роди живо бебе среде катастрофата во Венецуела

    Видео што го обиколи светот: Жена роди живо бебе среде катастрофата во Венецуела

    26.06.2026 во 21:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Среде катастрофалните последици од серијата силни земјотреси во Венецуела, се случи неверојатна сцена која го обиколи светот. Жена се породи под урнатините на срушена зграда, а драматичниот момент беше снимен од присутните.

    На видеото се гледа како повредената жена лежи на импровизирана подлога, додека друга жена ѝ помага при породувањето. Само неколку моменти подоцна се слуша плачот на новороденчето, по што бебето е завиткано во ќебе, а луѓето околу нив се обидуваат да ѝ помогнат и на мајката.

    Трагедијата во Венецуела следуваше по два силни земјотреси што ја погодија земјата во интервал од само 39 секунди. Првиот потрес бил со јачина од 7,2 степени, а вториот достигнал 7,5 степени според Рихтеровата скала.

    Според официјалните информации, стотици објекти се урнати, илјадници луѓе останале без домови, а бројот на жртви продолжува да расте. Властите досега потврдија стотици загинати и илјадници повредени, додека десетици илјади лица сè уште се водат како исчезнати.

    💔A woman in Venezuela gave birth in the ruins after an earthquake, without electricity or medical assistance

    The delivery took place in a destroyed building. There were no doctors, no power, and no equipment nearby.

    Volunteers helped and delivered the baby using flashlight… pic.twitter.com/BZQuE4ieIF

    — NEXTA (@nexta_tv) June 26, 2026

    И покрај големата трагедија, раѓањето на бебето под урнатините за многумина стана симбол на надеж и живот во моменти кога земјата се соочува со една од најтешките природни катастрофи во својата понова историја.

    Прочитај повеќе

    Вонредна состојба на Крим: Акутен дефицит на гориво, властите бараат „здрав разум“ од граѓаните

    26.06.2026 во 21:20

    Дванаесет години затвор за Хрват кој во Виена уби Србин по расправија за политика

    26.06.2026 во 21:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.