Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Знам дека некој не сака да ја гледа Македонија успешна

    26.06.2026 во 10:04

    Масовна тепачка на хотелски базен: 13-годишно девојче удрено со тупаница во лицето, носот и е скршен

    26.06.2026 во 09:57

    МОН со нов конкурс за стипендии за двегодишни МБА студии во Солун

    26.06.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Знам дека некој не сака да ја гледа Македонија успешна
    • Масовна тепачка на хотелски базен: 13-годишно девојче удрено со тупаница во лицето, носот и е скршен
    • МОН со нов конкурс за стипендии за двегодишни МБА студии во Солун
    • Цената на нафтата продолжува да паѓа
    • Прогласен црвен аларм во соседството – регионот го зафаќа неколкуднневен топлотен бран
    • Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија
    • Се очекуваат температури од 50 Целзиусови степени – метеоролозите најавуваат уште потопли лета
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија

    26.06.2026 во 09:26Updated:26.06.2026 во 10:052 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското Министерство за надворешни работи да го релативизира случајот со тврдења дека станува збор за информации од подалечно минато, останува фактот дека во објавената нота се содржани конкретни податоци. Токму тоа е суштината на проблемот. Не е прашање дали информациите се од вчера или од пред одреден период, туку како доверлив дипломатски документ, кој содржи чувствителни безбедносни информации, завршил во јавноста. 

    Доколку податоците не биле точни, тогаш бугарските власти ќе можеа лесно и недвосмислено да го демантираат нивниот карактер и значење. Наместо извинување, тие се обидуваат вниманието да го префрлат на временската рамка на настаните, избегнувајќи да одговорат на клучното прашање зошто воопшто биле објавени информации што биле дел од доверлива дипломатска комуникација.

    Бугарија се изјасни но Венко Филипче се уште молчи. Филипче секојдневно зборува за европски вредности, добрососедство и партнерство, но сега молчи и нема ниту еден збор за дипломатскиот преседан што го направи Бугарија. Нема реакција ниту за нарушувањето на довербата меѓу две држави, ниту за објавувањето на чувствителни информации кои не требало да бидат достапни за јавноста. 

    Филипче молчи за да не му се налутат бугарските соработници. Филипче и СДС молчат и тоа е познат образец на однесување секогаш кога станува збор за потези кои доаѓаат од официјална Софија. 

    Филипче и СДС се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија. Со тоа Филипче и СДС испраќаат порака на подготвеност за премолчување на постапки кои се спротивни на интересите на Македонија. 

    Овој случај е доказ дека на европскиот пат Македонија ќе се соочува со бројни предизвици, притисоци и обиди за наметнување на туѓи позиции. Токму затоа е потребно национално единство и јасна одбрана на државните интереси. 

    Овој скандал уште еднаш покажа кој е подготвен да ја брани Македонија, а кој е подготвен да молчи кога државата е нападната. 

    Македонија нема да се повлекува  и нема да прифаќа понижувања. Националните интереси не се предмет на пазарење.

    Just In Opinion Top News Бугарија Влада уставни измени
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Знам дека некој не сака да ја гледа Македонија успешна

    26.06.2026 во 10:04

    МОН со нов конкурс за стипендии за двегодишни МБА студии во Солун

    26.06.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.