Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Докторите предупредуваат: Ако имате една од овие четири состојби, горештините можат да бидат опасни по животот

    Докторите предупредуваат: Ако имате една од овие четири состојби, горештините можат да бидат опасни по животот

    25.06.2026 во 23:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Високите температури можат кај одредени лица да доведат до влошување на постојните здравствени состојби, предупредуваат лекарите. На граѓаните им се препорачува да внесуваат доволно течности, да престојуваат во разладени простории, да избегнуваат директно изложување на сонце и да обрнат внимание на состојбата на своите роднини, соседи и други ранливи лица во нивната околина, советуваат тие.Според надлежните, се препорачува малите деца и домашните миленици да не се оставаат без надзор во возилата бидејќи температурата во автомобилите може многу брзо да достигне опасно високо ниво.

    -За време на топлотните бранови, лицата со одредени здравствени проблеми може да забележат влошување на симптомите, а лекарите издвојуваат четири состојби кои претставуваат особено висок ризик, напиша Индекс (Index.hr).

    Меѓу најзагрозените за време на горештините се лицата со срцеви заболувања. Според физиологот Мајкл Крафорд, високите температури имаат големо влијание врз работата на срцето и кардиоваскуларниот систем.

    – Кардиоваскуларниот систем мора да вложи дополнителен напор за да се ослободи од топлината и да го разлади телото, изјавил Крафорд. Ваквата состојба доведува до забрзана работа на срцето и многу потење, што може да предизвика пад на крвниот притисок, објаснил тој.Според него, колку подолго остануваме на високи температури, толку е поголемо оптоварувањето на срцето.

    – Топлото време може да предизвика и тахикардија која во одредени случаи може да биде опасна, предупредуваат експертите.

    Според урологот д-р Араш Ахавеин од болницата Сидарс синај (Cedars-Sinai), луѓето се изложени на поголем ризик од развој на камења во бубрезите за време на горештините. Дехидратацијата, предупредил Ахавеин, во топли и суви услови овозможува создавање камења во бубрезите. Тој објаснил дека со зголеменото потење организмот губи повеќе течности, поради што урината станува поконцентрирана.

    -Колку повеќе се потите и губите течности, толку урината станува поконцентрирана. Кога урината е премногу концентрирана, минералите полесно кристализираат и формираат камења, посочил тој.

    Во оваа ризик група спаѓаат и лицата кои страдаат од гихт, (една форма на артритис). Тие исто така треба да бидат особено внимателни во текот на летните месеци. Направените истражувања покажуваат дека топлото и влажно време може да го зголеми ризикот од појава на напади на гихт, дури и кај луѓе кои престојуваат во климатизирани простории.

    Од организацијата за едукација за гихт (Од Gout Education Society), објаснуваат дека повисоките температури предизвикуваат поинтензивно потење, што може да доведе до дехидратација.Според нив, недостигот на течности во организмот може да го зголеми нивото на уринарна киселина, што дополнително го поттикнува развојот на напади на гихт.

    Промените на атмосферскиот притисок и температурите можат лошо да влијаат и на лицата кој страдаат од мигрена, предизвикувајќи им големи главоболки. Според Фондацијата за мигрена, една третина од пациентите ја наведуваат дехидратацијата како еден од главните предизвикувачи на мигренозни напади. Кај овие лица силната сончева светлина, исто така, може да поттикне појава на главоболки преку активирање на нервните патишта чувствителни на светлина кои се поврзани со мигрената.

    -И стресот предизвикан од високите температури може да има значајно влијание. Тогаш се зголемува нивото на кортизол, што е уште еден познат предизвикувач на мигрена, напоменуваат од здравствената организација ВМЦ хелт (WMC Health).

    Прочитај повеќе

    Во среда е голем христијански празник – Според народните верувања, од овој ден исчезнува жешкото време

    17.08.2026 во 10:17

    Ова се двата најчувствителни знака во Зодијакот: Сè доживуваат подлабоко од другите

    14.08.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.