Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко.
Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По налог на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека И.П. го управувал четирициклот без возачка дозвола и лишен е од слобода.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Наутро минус, потоа сонце: УХМР ги измери температурите и најави силно невреме
- Русин преживеал вистински хорор: Ѕвер од 200 кг му ги кршел ребрата
- Холандскиот јавен сервис потврди: Холандија повторно на евровизиската сцена во мај 2027 година
- Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата
- Бесплатна обука за финансиска писменост на жени во Центар: Кој може да се пријави?
- Девет лица починаа од западнонилска треска – Каква е состојбата во Македонија
- Милатовиќ во ОН: Црна Гора има историска одговорност да го заврши европскиот пат до 2028 година
- ВИДЕО: Стаорци снимени покрај детско игралиште во Кисела Вода

