Close Menu
Press24
    Најново

    Панова: Законите коишто ги носиме во Собрание ја менуваат сликата за Македонија

    24.06.2026 во 10:59

    Дедо прегази бебе со трактор: Еве што се случило секунди пред ужасната драма во дворот во Грочка

    24.06.2026 во 10:45

    Апсење во Македонија – Му влегле дома и веднаш го привеле

    24.06.2026 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Панова: Законите коишто ги носиме во Собрание ја менуваат сликата за Македонија
    • Дедо прегази бебе со трактор: Еве што се случило секунди пред ужасната драма во дворот во Грочка
    • Апсење во Македонија – Му влегле дома и веднаш го привеле
    • УХМР со метео аларм: Силно невреме во Македонија
    • Перински во посета на Ранковце: Се инвестира во инфраструктура, туризам и заштита од поплави
    • Пеколен топлотен бран: Што е „омега блокада“ – феноменот што ја претвори Европа во рерна
    • Тошковски за интерпелацијата: Левица станува сојузник на СДСМ и ДУИ
    • Хорор во соседството: Три лица пронајдени мртви во студентски дом
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Панова: Законите коишто ги носиме во Собрание ја менуваат сликата за Македонија

    Панова: Законите коишто ги носиме во Собрание ја менуваат сликата за Македонија

    24.06.2026 во 10:592 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ се осврна на реформската агенда и посочи дека бројните закони коишто се носат во Собрание, а коишто се дел од реформската агенда, се закони кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Таа додаде дека исплатените средства од страна на реформската агенда претставуваат признание дека ЕУ гледа дека државата има капацитет и е способна да исполни, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Законите коишто ние ги носиме во овој момент, коишто се дел од реформската агенда, но дел и од програмата на Владата, се закони кои општеството има потреба за нивно носење, тоа е најважно. Ние со факти и аргументи се бориме и затоа сме изморени да им се докажуваме на нашата опозиција кога зборуваат дека ништо не работиме. Ако ЕУ не вреднува позитивно, ако граѓаните не вреднуваат позитивно, ако отвориме Државен завод за статистика и ги погледнеме бројките, ако во исто време имаме пет автопати коишто се градат, ако гледаме дека се градат болници, се спасуваат животи, тогаш сфаќаме дека ние можеби не можеме да се промениме како држава преку ноќ, но работиме со засилено темпо, за да оствариме што е можно повеќе“, децидна е Панова.

    Панова истакна дека голем дел од законите коишто се дел од реформската агенда се веќе во собраниска процедура, а дел од нив веќе се донесени.

    „Денес имавме последна расправа за Законот за оружје, којшто е дел од реформската агенда, на која што беа прифатени одредени амандмани, законите за јавнообвинителска и судска служба исто така се во собраниска процедура, истите се дел од реформската агенда, на нив има одредени забелешки, истите се поврзани со финансиски средства, но во исто време ќе направиме да се подобрат истите и да ги донесеме во исто време“, посочи Панова.

    Панова додаде дека во Собрание истовремено се носат и закони коишто не се дел од реформската агенда, но се потребни за граѓаните. Таа истакна дека Законот за царински тарифи за првпат се намалува царината на репроматеријалите и претставува директна поддршка за производителите.

    „Има огромен број на закони, тука е Законот за царинските тарифи, со којшто може да кажеме дека за првпат се намалува царината на репроматеријалите за производителите, заради тоа што на тој начин ќе им помогнеме ним. Ги носиме истовремено законите коишто не се дел од реформската агенда, но коишто сметаме дека се потребни“, рече Панова.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Апсење во Македонија – Му влегле дома и веднаш го привеле

    24.06.2026 во 10:39

    УХМР со метео аларм: Силно невреме во Македонија

    24.06.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.