Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Трамп: Дизелот нагло ќе поевтини
    • Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
    • Можно одложување на палестинските парламентарни избори: На претседателот Абас му е препорачано гласање во септември 2027 година
    • Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители
    • Бруклин Бекам ја покажа огромната тетоважа посветена на Никола Пелц
    • ТикТок пред милионска казна? Европската комисија ги анализира доверливите документи од Романија
    • Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески од Софија: Потребно трајно решение за статусот на возачите во Шенген

    Ристески од Софија: Потребно трајно решение за статусот на возачите во Шенген

    24.06.2026 во 09:591 Min Read
    Петар Ристески, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, кој учествува на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) во Софија, порача дека е неопходно трајно решение за статусот на професионалните возачи и превозници во рамки на Шенген зоната.

    Во своето обраќање, Ристески истакнал дека ограничувањата поврзани со престојот на возачите во меѓународниот патен транспорт создаваат проблеми во секојдневното работење на транспортните компании од регионот. Тој нагласил дека е потребно изнаоѓање одржливо решение кое ќе овозможи непречено извршување на професионалните обврски, при истовремено почитување на безбедносните и миграциските правила на Европската унија.

    Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, по дебатите во рамки на форумот бил прифатен компромисен амандман во Завршната декларација, со кој се повикуваат земјите учеснички заеднички да работат на решавање на транспортните и логистичките прашања во Шенген зоната и регионот на Југоисточна Европа.

    Од партијата посочуваат дека амандманот добил поддршка од сите пет земји членки на Европската унија кои учествуваат во SEECP – Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија и Грција.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Николоски во Подгорица на средба со министерот за транспорт Зечевиќ: Акцент на регионалното поврзување и пристаништата

    09.10.2026 во 18:22

    Николоски на средба со Ивановиќ во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

    09.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.