Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат” во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес. Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
- Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
- Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
- Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
- Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
- И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
- Тинејџер ја натепал баба му
- 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
- Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи

