Close Menu
Press24
    Најново

    МВР во акција: Приведени шестмина возачи без возачки дозволи

    27.10.2026 во 14:20

    Обвинителството пресече: Неприфатливо е да сведочат сопственикот на „Пулс“ и неговиот син

    27.10.2026 во 14:12

    Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание: Фокус на регионалната соработка и евроинтеграциите

    27.10.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР во акција: Приведени шестмина возачи без возачки дозволи
    • Обвинителството пресече: Неприфатливо е да сведочат сопственикот на „Пулс“ и неговиот син
    • Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание: Фокус на регионалната соработка и евроинтеграциите
    • Николоски: Македонија има најевтино гориво во цела Европа
    • Скопјанец обљубил малолетничка
    • Вознемирувачки случај во Велес: Ученичка со видливи повреди отишла на училиште
    • Подигнале станбен кредит, па ѝ ги зел сите пари – скопјанка останала без 1.558.300 денари
    • Скопјанка пријавила шокантно откритие во подрумот на починатиот татко – пронајдени бомби и муниција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од 1 јули нови европски правила: Паметни тахографи стануваат задолжителни и за комбињата

    Од 1 јули нови европски правила: Паметни тахографи стануваат задолжителни и за комбињата

    23.06.2026 во 13:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нови европски прописи кои ќе влијаат врз дел од компаниите и возачите што се занимаваат со меѓународен превоз на стока стапуваат на сила од 1 јули. Мерките се дел од напорите на ЕУ за зајакнување на контролата во транспортниот сектор и подобро следење на работата на професионалните возачи.

    Според новите правила, обврската за поседување паметен тахограф од втора генерација се проширува и на помалите товарни возила.

    „Сите комбиња и лесни товарни возила со вкупна дозволена маса од 2,5 до 3,5 тони, заедно со приколката, кои вршат прекуграничен превоз, ќе треба да поседуваат паметен тахограф од втора генерација“, предвидуваат новите регулативи.

    Овој уред автоматски ќе регистрира кога возилото преминува државна граница, каде се врши товарење и истоварување на стоката, како и активностите на возачот во текот на патувањето.

    Обврската директно се однесува на сите субјекти што вршат меѓународен транспорт на стока или каботажни операции во земјите-членки на Европската Унија. Со ова, европските регулатори ја прошируваат примената на системот за контрола врз помалите товарни возила кои досега беа изоставени.

    Од регулативата се предвидени и конкретни исклучоци. Исклучок ќе бидат возилата што превезуваат материјали до градилишта и работат во радиус до 100 километри од матичната база, како и одредени некомерцијални превози и транспорт на рачно изработени производи.

    Покрај земјите од ЕУ, мерките ќе се применуваат и во Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Велика Британија.

    Прочитај повеќе

    МВР во акција: Приведени шестмина возачи без возачки дозволи

    27.10.2026 во 14:20

    Обвинителството пресече: Неприфатливо е да сведочат сопственикот на „Пулс“ и неговиот син

    27.10.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.