Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска од ЦЕФ Форум: Градењето отпорни институции е клучно за стабилност во услови на глобална неизвесност

    Димитриеска-Кочоска од ЦЕФ Форум: Градењето отпорни институции е клучно за стабилност во услови на глобална неизвесност

    22.06.2026 во 15:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во услови на глобална неизвесност, брзи промени и сè посложени предизвици, градењето отпорни институции е клучно за обезбедување стабилност, развој и доверба на граѓаните во државата, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на ЦЕФ Форум 2026, кој денеска се одржа во Скопје на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“ во организација на Министерството за финансии и Центарот за извонредност во финансиите (CEF).

    “Отпорна институција е институција која има капацитет да се адаптира, да учи и да продолжи да испорачува резултати и во најпредизвикувачки околности. Тоа е институција која располага со јасна визија, компетентно лидерство и професионална администрација“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

    Таа нагласи дека за Министерството за финансии отпорноста е тесно поврзана со стабилноста и одржливоста на јавните финансии, поради што се спроведуваат реформи насочени кон зајакнување на фискалната дисциплина, подобрување на управувањето со јавните ресурси, зголемување на транспарентноста и понатамошна дигитализација на финансиските процеси.
    “Нашата цел е да изградиме систем кој не само што реагира на предизвиците, туку и навремено ги предвидува ризиците и создава политики што обезбедуваат долгорочна стабилност и сигурност за економијата и граѓаните“, истакна министерката.

    Министерката се осврна и на формирањето на Академијата за јавни финансии, која треба да прерасне во центар за знаење, иновации и континуиран професионален развој во јавниот сектор, истакнувајќи дека инвестициите во човечкиот капитал и градењето професионална и компетентна администрација остануваат меѓу највисоките приоритети.

    “Институциите не се силни поради нивните правила и процедури, туку поради луѓето кои секојдневно работат во нив. Затоа вложувањето во знаење, интегритет и лидерски капацитети е суштински дел од реформската агенда“, додаде таа.

    Димитриеска-Кочоска посочи дека современите предизвици не познаваат граници и дека регионалната и меѓународната соработка денес претставуваат неопходност. Во тој контекст, таа ја нагласи улогата на Центарот за извонредност во финансиите (CEF), кој повеќе од две децении успешно гради заедница на знаење, доверба и соработка меѓу институциите од регионот и пошироко.

    “Во време на глобални кризи и брзи технолошки промени, ниеден систем не може да функционира изолирано. Само преку партнерства, размена на искуства и заедничко учење можеме да изградиме институции кои се отпорни и подготвени за иднината“, нагласи министерката.

    Пред почетокот на Форумот Министерството за финансии беше домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (CEF), кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на политики од регионот.
    На состанокот присуствуваше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој со своето присуство ја потврди важноста на регионалната соработка, размената на знаења и заедничките напори за градење силни, отпорни и ефикасни јавни институции.

    На Форумот учествуваа министри, гувернери на централни банки, високи владини претставници и меѓународни експерти, кои разменија искуства и ставови за лидерството во услови на притисок, координацијата во сложени околности и градењето институционални капацитети за справување со идните предизвици.

    Настанот претставува значајна регионална платформа за дијалог и соработка, насочена кон унапредување на јавните политики и јакнење на институционалната отпорност во земјите од регионот.

    Прочитај повеќе

    Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките

    17.08.2026 во 23:01

    Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

    17.08.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.