Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски на состанок со дистрибутерите и трговците: Бара веднаш да се намалат цените на храната

    Мицкоски на состанок со дистрибутерите и трговците: Бара веднаш да се намалат цените на храната

    22.06.2026 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе се одржи состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети, на кои ќе им упати порака дека е време да ги намалат цените на производите, со посебен акцент на основните прехранбени производи.

    Шефот на извршната власт потенцираше дека граѓаните досега покажале доволно толеранција и дека бизнис секторот сега е на ред да им се одолжи, додавајќи дека нема да се прифаќаат никакви изговори. Ваквата изјава премиерот ја даде во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (CEF).

    Па, денеска имаме во во Владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и мојата порака ќе биде јасна. Завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат на на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на на производите, посебно основните прехранбени производи. Тоа го очекувам од нив. И исто така ние како Влада имаме механизми, доколку тоа не се случи, на еден поинаков начин да го спроведеме. Оправдување и изговори не прифаќам, од типот „не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените“ и слично. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме, рече Мицкоски.

    Иако премиерот не прецизираше со какви точни проценти на намалување треба да се излезе и каде тоа најмногу ќе се почувствува, тој децидно изјави дека корекција во ценовниците кај основните продукти мора да има.

    Јас не би можел да кажам колкаво и каде најмногу, само кажувам дека основните прехранбени производи потребно е да претрпат корекција бидејќи граѓаните беа толерантни до сега, сега е време тие да се одолжат на на граѓаните. И ќе направиме некои споредби какви се цените во регионот, какви се цените кај нас за некои од основните прехранбени производи и во одредени маркети, ако треба, и по име и по презиме од утре јавно ќе ги објавуваме ние, па понатаму оставаме на нив, истакна премиерот.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.