Во текот на 20.06.2026 година во СВР Скопје биле пријавени три случаи на физички напади на подрачјето на општина Центар во Скопје.
Во 11:00 часот, М.К. (39) од Скопје пријавила дека на 19.06.2026 околу 20:30 часот, на игралиште во Центар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници, при што, според пријавата, бил употребен и тврд предмет.
Во 15:00 часот, А.А. (22) од Скопје пријавил дека во периодот од 01:40 до 02:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица.
Во 16:00 часот, Д.Т. (53) од Скопје пријавил дека околу 14:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите три случаи.

