Бела грутчеста материја, прашок и пакувања марихуана се пронајдени кај седум лица кои беа лишени од слобода при масовни полициски рации во Скопје и Гостиварско.
Полициски патроли пресретнале корисници и дилери на фреквентни локации, а црната точка на Бит Пазар во Скопје резултираше со дури три одделни силни апсења за само неколку часа.Во раните утрински часови, околу 03:00 часот по полноќ, во Центар полицијата пресретнала 22-годишно момче кај кое при претрес била пронајдена бела грутка.
„Утринава во 03:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ч.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја“, велат од МВР.
„Вчера во 12:20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја“, соопштија од полицијата.
„Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. По целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци“, стои во полицискиот билтен.

