Close Menu
Press24
    Најново

    Судот пресече: 30 дена притвор за екс-претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и финансиската раководителка

    19.06.2026 во 16:33

    Тетовчанка заработи кривична – го натепала невенчаниот сопруг во автомобил

    19.06.2026 во 16:21

    Полицијата заплени речиси 3.000 парчиња пиротехника во локал во Тетово – сопственикот заработи кривична

    19.06.2026 во 16:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судот пресече: 30 дена притвор за екс-претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и финансиската раководителка
    • Тетовчанка заработи кривична – го натепала невенчаниот сопруг во автомобил
    • Полицијата заплени речиси 3.000 парчиња пиротехника во локал во Тетово – сопственикот заработи кривична
    • Прв уписен рок во средните училишта: Запишани 13.397 ученици, МОН објави каде веќе е завршен конкурсот
    • Германската поддршка за зелената транзиција продолжува, Хоџа на средба со новиот директор на ГИЗ
    • Кривична пријава за поранешен директор на градинка во Штип, направил штета од над 7,7 милиони денари
    • Прв случај на зика вирус во Македонија: Државјанин се инфицирал на Малдиви, ИЈЗ излезе со детали
    • Започнаа разговорите за реконструкција на Владата, Мицкоски викендов на средби со ЗНАМ и ВРЕДИ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судот пресече: 30 дена притвор за екс-претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и финансиската раководителка

    Судот пресече: 30 дена притвор за екс-претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и финансиската раководителка

    19.06.2026 во 16:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство и донесе одлука за одредување на 30-дневен притвор за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.

    Покрај него, мерката притвор во траење од 30 дена ѝ е одредена и на Олгица Младеновска, која ја извршуваше функцијата раководителка на Секторот за финансии во ФФМ за време на мандатот на Ѓорѓиоски.

    Претходно, во рамките на отворената истражна постапка која се води против вкупно 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари, Обвинителството побара притвор за осуммина, како и мерки за претпазливост за четири лица.

    Официјалните информации покажуваат дека Ѓорѓиоски бил лишен од слобода поради констатирани неправилности во работењето за периодот од 2015 до 2019 година, поврзани со финансиски криминал тежок речиси три милиони евра.

    Големата полициска акција е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за работењето на ФФМ.

    Претресите беа извршени под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во координација со Управата за финансиска полиција и МВР, при што беа проверени домови и деловни простории на повеќе локации во Скопје.

    За време на акцијата од слобода беа лишени 12 лица, меѓу кои и Илчо Ѓорѓиоски, додека пет лица во моментов се сè уште недостапни за органите на прогон.

    Ова е втор поранешен претседател на ФФМ кој завршува во притвор за краток период, откако во април годинава беше уапсен и Муамед Сејдини, поради основано сомневање за проневера на парични средства поврзани со изградбата на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

    Прочитај повеќе

    Тетовчанка заработи кривична – го натепала невенчаниот сопруг во автомобил

    19.06.2026 во 16:21

    Полицијата заплени речиси 3.000 парчиња пиротехника во локал во Тетово – сопственикот заработи кривична

    19.06.2026 во 16:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.