Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
    • Митева: Клучен предуслов за подобрување на состојбите се долгорочната стратегија и континуитетот во политиките
    • Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка
    • Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ
    • Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба
    • Сиљановска-Давкова оствари средба со ЦУП: Поддршка за иницијативата за бесплатен пристап до „Службен весник“
    • Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред
    • Муцунски во Њујорк оствари средба со британската пратеничка Карен Пирс
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото

    Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото

    18.06.2026 во 22:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија.

    При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час.

    Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

    Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.

    Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

    Прочитај повеќе

    Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба

    24.09.2026 во 21:20

    Крвав инцидент во Скопје: Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка

    24.09.2026 во 20:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.