Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба Мицкоски – Димитриевски в сабота: ЗНАМ бара детали за најавената реконструкција на Владата

    Средба Мицкоски – Димитриевски в сабота: ЗНАМ бара детали за најавената реконструкција на Владата

    18.06.2026 во 21:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Партиски делегации предводени од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски, в сабота ќе одржат средба во врска со најавената реконструкција на Владата.

    Министерот за јавна администрација и генерален секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, изјави дека на средбата ќе побараат информации за точниот опфат на реконструкцијата, бидејќи јавноста често мисли дека тоа се однесува само на министрите.

    -Меѓутоа, тука има и голем број на втор ешалон, трет ешалон – избрани и именувани функционери коишто, исто така, се на тие позиции со соодветна намена да испорачаат резултат, рече Минчев во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

    Тој појасни дека како партија веќе направиле евалуација на работата на сите нивни кадри во изминатиот период и дека нивниот став во моментов е дека министрите и другите функционери одлично си ја вршат својата работа.

    -Направивме ревизија на нивното двегодишно работење и нашиот став во овој момент е дека нашите двајца министри и сите други функционери ревносно и одлично си ја вршат својата работа. За ова прашање нема дали сакаш некого или не сакаш туку дали испорачува резултати или не испорачува резултати. Но, сепак, господинот Мицкоски е премиер и ние би сакале на таа средба в сабота да ги чуеме аргументите и од другата страна, истакна Минчев.

    Како аргумент за нивната успешност, тој го посочи и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој неодамна во Скопје изјавил дека има видлив напредок токму во ресорите правда и јавна администрација.

    Минчев потсети дека пред две години направиле коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ за цел четиригодишен мандат и додаде дека со партијата на Мицкоски имаат идентични ставови за неколку прашања, вклучувајќи го и ригидниот став против промена на Уставот.

    Во однос на идните политички чекори, генералниот секретар на ЗНАМ потенцираше дека партискиот став е на следните парламентарни избори да настапат целосно самостојно.

    -Но, исто така, мора да ги разгледаме сите опции за да ги слушнеме аргументите од кој било наш колаициски партнер. Нашиот став е дека ние сме спремни веднаш, утре ако е потребно, да излеземе на избори и тоа со самостоен настап, заклучи Минчев.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.