Поради техничка интервенција на водоводната мрежа, денеска привремено ќе биде прекинато водоснабдувањето за дел од корисниците на улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е поради замена на вентил, а без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до објектот на Министерството за правда, во реонот кај „Рекорд“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе биде воспоставено по завршувањето на интервенцијата.

