Close Menu
Press24
    Најново

    Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

    17.06.2026 во 09:14

    ФОТО: Ова е Сара која загина седум дена пред свадбата – Од прослава во Грција, замина во смрт, трагедија во регионот

    17.06.2026 во 09:08

    Дневен хороскоп: Овеното ќе добие неочекувана покана, Јарецот да внимава на финансиите

    17.06.2026 во 09:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
    • ФОТО: Ова е Сара која загина седум дена пред свадбата – Од прослава во Грција, замина во смрт, трагедија во регионот
    • Дневен хороскоп: Овеното ќе добие неочекувана покана, Јарецот да внимава на финансиите
    • СДСМ до ЗНАМ: Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб“
    • Го признал делото – Кривична за скопјанецот кој ги запали возилата на Бугарската Амбасада
    • Топло уште во осум часот – УХМР најавува топол ден, но и силно невреме
    • Трагедија во регионот: Гром усмрти маж пред прагот на куќата – Невреме доаѓа и кон Македонија
    • Тешка несреќа го разбуди Скопје – Се судрија камиони, едниот смачкан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

    Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

    17.06.2026 во 09:142 Mins Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји.

    Со договорот, тогашната Република Македонија го промени своето уставно име во Република Северна Македонија, Грција го призна македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а земјата стана членка на НАТО. Воедно, значително се интензивираше и билатералната соработка со јужниот сосед.

    Договорот беше резултат на неколкумесечни интензивни преговори меѓу двете страни, во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, а во Македонија СДСМ. Документот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и посредникот Метју Нимиц и високи претставници на Европската Унија и меѓународната заедница.

    Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето, на 30 септември 2018 година, граѓаните беа повикани на референдум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

    Излезноста на референдумот изнесуваше 36,91 отсто, при што 91,47 проценти од излезените гласаа „за“, а 5,64 проценти „против“. Сепак, референдумот не беше успешен, бидејќи не беше достигнат потребниот цензус од над половина од вкупниот број запишани избирачи.

    Договорот од Преспа беше резултат на преговори што траеја речиси 27 години, со различен интензитет, периоди на застој и повторно активирање, особено по 2017 година кога процесот доби нова динамика и доведе до конечното решение.

    И покрај промените на власт во двете земји, договорот остана на сила и во изминатите години придонесе за засилена соработка во повеќе области, меѓу кои економијата и енергетиката. Атина останува силен поддржувач на европската перспектива на земјите од регионот, вклучително и на Северна Македонија.

    Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот македонски шеф на државата кој ја посети Грција, додека во април 2019 година тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас престојуваше во Скопје, што беше прва посета на грчки премиер по потпишувањето на договорот.

    Сепак, во последниот период се забележува отсуство на билатерални средби на највисоко ниво меѓу актуелните политички лидери на двете земји, како и непостоечки или одложени официјални посети на државно ниво.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ова е Сара која загина седум дена пред свадбата – Од прослава во Грција, замина во смрт, трагедија во регионот

    17.06.2026 во 09:08

    СДСМ до ЗНАМ: Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб“

    17.06.2026 во 08:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.