Close Menu
Press24
    Најново

    „Страв и надеж“ вечерва на сцената на Македонскиот народен театар

    17.06.2026 во 08:02

    Експерти, институции и млади на дебата за социјално претприемништво во Скопје

    17.06.2026 во 08:01

    Многу топло низ Македонија – УХМР со метео предупредување за попладне

    17.06.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Страв и надеж“ вечерва на сцената на Македонскиот народен театар
    • Експерти, институции и млади на дебата за социјално претприемништво во Скопје
    • Многу топло низ Македонија – УХМР со метео предупредување за попладне
    • Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
    • Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
    • Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
    • Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
    • Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Страв и надеж“ вечерва на сцената на Македонскиот народен театар

    „Страв и надеж“ вечерва на сцената на Македонскиот народен театар

    17.06.2026 во 08:021 Min Read
    МНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, вечерва од 20 часот ќе биде изведена на сцената на Македонскиот народен театар. Инспирација за делото претставува драмскиот опус на Франц Ксавер Крец.

    Иако тематски се надоврзува на познатиот роман „1984“ на Џорџ Орвел, претставата е поставена во современ амбиент и ги отсликува предизвиците на денешното време – општествени конфликти, егзистенцијална неизвесност и постепено губење на хуманистичките вредности.

    Сценската приказна е изградена од петнаесет меѓусебно поврзани сцени кои ги следат клучните моменти од животот на ликовите. Нивните судбини се испреплетени со стравови, осаменост, љубовни дилеми и внатрешни борби, а низ спојот на хумористични и драматични елементи се поставуваат прашања за човековата ранливост и стремежот кон опстанок.

    Во актерската екипа се Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

    За музичката поддршка на претставата се задолжени Зоран Станишиќ како корепетитор и пијанист, Стефан Котевски како музички координатор и виолинист, Никола Соколовски на кларинет и Милена Наумовска на кахон.

    Featured Top News
    Прочитај повеќе

    Експерти, институции и млади на дебата за социјално претприемништво во Скопје

    17.06.2026 во 08:01

    Многу топло низ Македонија – УХМР со метео предупредување за попладне

    17.06.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.